За Објектот
Иницијативата за изградба на Станица за технички преглед беше покрената од страна на друштвото на 09.05.2001 година на која АМСМ даде целосна поддршка. По комплетирање на идејните и главни проекти и добивањето на дозвола за градба, на 8.Јуни 2006 година беа поставени темелите, а на11 март 2011 година беше пуштена во работа Станицата за технички преглед. Објектот е проектно дело на Аура Инвест Дооел од Гевгелија, Архитект Ѓоко Динев и истиот преку несекојдневно архитектонско решение гледајќи ја неговата основа претставува автомобил во движење, поточно болидна Формула1, кој воедно ја симболизира нашата дејност и моторните возила во целина. Корисната површина на објектот изнесува 810 м2 , од кои340 м2 се повеќенаменски деловни содржини распоредени во сутерен приземје и кат, а остатокот од 470 м2 отпаѓа на просторот за преглед на возила и административен дел распореден на приземје и кат.
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search