Постапка (начин) при вршење технички преглед
Техничкиот преглед на возилото го вршат двајца контролори едновремено, од кои едниот е во возилото и управува со истото, а другиот ја спроведува постапката на техничко испитување на возилото.
Техничкиот преглед ќе се изврши само ако возилото е чисто, обоено и нема видни оштетувања на каросеријата.
Вообичаено техничкиот преглед се врши на празно восило оптоварено само со контролорот што го управува, односно возачот и контролорот и задолжителната опрема, со исклучок на техничкиот преглед на исклучено возило од сообраќај поради техничка неисправност кој може да се врши и на натоварено возило (вонреден технички преглед).
Постапка за вршење на технички преглед се одвива во следните фази утврдени со Правилникот за вршење на технички прелед на моторни и преклучни возила, трактори и земјоделски трактори:
Испитувања
Идентификација на возила
Идентификациjата е постапка во коjа се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила.
При технички преглед идентификацијата започнува со проверка на регистарскиот бројот во документите, проверка на бројот на шасија и типот и бројот на моторот.
Возна постројка и каросерија
Мотор и погонски уреди
Уред за управување
Уред за сопирање
Светлосни и светлосно-сигнални уреди
Контролни и сигнални уреди
Уреди што овозможуваат нормална видливост
Оски, тркала и пневматици
Уред за давање звучни сигнали
Уред за дижење на возилото наназад
Уред за испуштање на согорени гасови
Емисија на издувни гасови
Влечен уред за спојување на влечно и приклучно возило
Проверка на геоматрија на управувачкиот механизам
Проверка на амортизерите
Останати уреди
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search