Редовен технички преглед
Периодичниот технички преглед е детален технички преглед над моторните и приклучните возила, а се врши со преглед врз неговите пропишани системи, составни делови,самостојни технички единици, опрема, пропишаните барања во поглед на заштита на животна средина и намалување на влијанието на техничката исправност во нарушување на општата безбедност во сообракајот на патиштата.

Според член 51 од законот за возила дадени се рокови за извршување на редовни технички прегледи и тоа:
  • Првиот технички преглед се извршува:
  • една година по првата регистрација за:
  • товарни возила и друмски тегначи,
  • возила за превоз на опасни материи,
  • работни возила,
  • aвтобуси,
  • приклучни возила, освен за лесни приколки, приколки за омување и тракторски приколки, како и за посебни приклучни возила за превоз на чамци, водени скутери и други уреди за спорт и рекреација чијашто најголема вкупна маса поминува 750 кг, но не поминува 3500 кг,
  • возила за јавен превоз на патници,
  • возила за превоз на група деца,
  • возила што се употребуваат за оспособување на кандидати за возачи,
  • возила што се опремени како возила со првенство на минување;
  • Две години по првата регистрација за моторни возила со најмалку четири тркала, кои се користат за превоз на патници со не повеќе од осум седишта, со исклучок навозачкото седиште и за сите други возила и
  • Четири години за лесни пориколки по куповањето на првиот сопственик.
  • Периодичните технички прегледи на возилото се извршуваат најмалку еднаш годишно.
  • По исклучок на предходниот став, периодични технички прегледи се извршуваат на секои шест месеци за
  • возила за јавен превоз на патници,
  • автобуси
  • возила што се употребуваат за оспособување на кандидати за возачи,
  • возила што се употребуваат за превоз на група деца,
  • возила што се опремени како возила со право на првенство на минување, односно возила за придружба,освен возила кои се користат од противпожарните служби за гасење пожар, што по облик и намена се возила за гасење пожар,
  • возила за изнајмување (рент-а-кар) и
  • возила за превоз на опасни материи.
Возилата што се употребуваат за наведените намени од овој став треба во сообраќајната дозвола да имаат впишана намена, односно облик на каросерија.

Бесплатни услуги

Технички преглед и регистрација на вашето моторно возило можете да извршите во станицата за Технички преглед на АМД “Дичо Панов“ Гевгелија со што ги добивате следните бесплатни услуги:
  • Бесплатно балансирање на 2 тркала (кај патнички возила)
  • Бесплатна проверка на издувните гасови на дизел моторите и проверка и подесување на истите на бензинските мотори
  • Бесплатна замена на маслото во моторот (кај патнички возила)
  • Бесплатно подесување на светлото на фаровите
  • Бесплатна проверка на предниот и задниот трап и системот за кочење
  • Бесплатно шлепување до 20 км на локално ниво на дефектно или оштетено возило во случај на сообраќајна незгода. Под локално ниво се подразбира територијата на поранешна општина Гевгелија, (Гевгелија, Миравци, Богданци, ДОјран). Бесплатната услуга не важи доклку возилото кое требва да се шлепува се наоѓа надвор од горенаведеното подрачје.

НАПОМЕНА

  • Патничките возила кои од првата регистрација не се поминати осум години, периодичниот технички преглед треба да биде направен на секои две години.
  • Лесните приколки, приколките за домување и посебните приклучни возила за превоз на чамци,водени скутери и други уреди за спорт и рекреација чијашто најголема вкупна маса е над 750 кг, но не поголема од 3500 кг, треба да бидат технички прегледани на секои четири години.
  • За возила кои биле регистрирани во странство,првиот технички преглед се врши пред првата регистрација во РМ, а периодичните согласно претходните ставови од овој член.
  • Периодичниот технички преглед се врши заради проверка на техничката исправност на сите моторни и приклучни возила и воедно представува предуслов за регистрација и задолжително осигурување на возилото.
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search