Редовен 6 месечен технички преглед
Шестмесечен технички преглед се врши на возила кои законодавецот ги има посебно дефинирано,а кои заради карактерот карактерот на експлоатација, бараат зачестена контрола н апропишани системи, составни делови, самостојни технички единици,опрема и пропишани барања во поглед на заштита на животната средина и тоа:

  • возила за јавен превоз на патници;
  • автобуси;
  • возила што се употребуваат за оспособување на кандидати за возачи,
  • возила што се употребуваат за превоз на група деца,
  • возила што се опремени како возила со право на првенство на минување, односно возила за придружба,освен возила кои се користат од противпожарните служби за гасење пожар, што по облик и намена се возила за гасење пожар,
  • возила за изнајмување (рент-а-кар) и
  • возила за превоз на опасни материи.
Шестмесечниот технички преглед на возилото не се разликува битно од прегледот кои се врши при редовен технички преглед но се дава поголемо внимание на виталните системи на возилото (систем за сопирање, управување, состојба на пневматици, уредот за поврзување на влечното и приклучното возило и сл.)
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search