Продолжување на регистрација
Сопственикот на моторното возило има обврска после истекот на важноста на регистрацијата да ја продолжи важноста на регистрацијата на моторното возило.

Постапката за продолжување на регистрацијата е следна:
- Сопственикот се упатува со возилото во Станицата за технички преглед на АМД каде се врши технички преглед за утврдување на техничката исправност на моторното возило;
- На шалтерот во Станицата за технички преглед на АМД сопственикот пополнува барање за регистрација;
- Сопственикот на моторното возило со целокупната документациа се упатува на шалтерот на МВР каде се врши продолжување на регистрацијата преку заверка на сообраќајната дозвола;

Потреби документи за продолжување на регистрацијата се:
  • Сообракајна дозвола од возилото;
  • Барање за продолжување на регистрацијата (се изготвува во АМД);
  • Доказ за техничка исправност на возилото (не постара од 30 дена);
  • Сметка или вирмански налози за платени надоместоци за регистрација;
  • Полиса за осигурување од автомобилска одговорност за моторното возило;
  • Потврда за баждирање на тахографот за товарни возила со носивост поголема од 5т.;
  • Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
  • Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномошто од овластено правно лице, заверено на нотар за лицето кое во ме на правното лице се овластува да ја продолжи регистрацијата на моторно возило.
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search