Регистрација на ново возило
Сопственикот на ново купеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши регистрација на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Постапката за регистрација на ново купеното моторно возило е следна:
- Сопственикот на моторното возило врши уплата на средства (на шалтерот во МВР, во банка или пошта) за регистарски таблички и сообраќајна дозвола;
- Сопственикот со регистарскиот број се упатува во Станицата за технички преглед на АМД каде врз основа на документите од фактурата и хомологацијата се врши идентификација на возилото;
- На шалтерот во Станицата за технички преглед на АМД, сопственикот пополнува барање за регистрација;
- Со изготвените документи во Станицата за технички преглед новиот сопственик се упатува на шалтерот во МВР за изготвување на сообраќајна дозвола;

Потребни документи за регистрација на ново купено моторно возило се:

  • Фактура за купеното моторно возило;
  • Согласност за регистрација (хомологација);
  • Барање за регистрација (се изготвува во АМД);
  • Царинска декларација односно потврда за платени царински давачки;
  • Потврда за баждареност на тахографот за товарни возила со носивост поголема од 5т;
  • Сметка или вирмански налози за платени надоместоци за регистрација;
  • Полиса за осигурување од автомобилска одговорност за моторното возило;
  • Уплата од 1400,00 денари МКД на сметка на буџет на РМ (1200,00 МКД за регистарски табли и 200,00 МКД за сообракајна дозвола);
  • Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
  • Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномоштво од овластено лице заверено на нотар за лицето кое во име на правното лице се овластува да го регистрира моторното возило.
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search