Регистрација на увезено возило
Сопственикот на увезеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши регистрација на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Постапката за регистрација на увезено моторно возило е следна:
- Сопственикот на увезеното моторно возило со документите од истото се упатува во Станицата за технички преглед на АМД врз основа на кои се отпочнува постапка за единечно одобрување на моторно возило или хомологација;
- Сопственикот на моторното возило врши уплата на средства (на шалтерот во МВР, во банка или пошта) за регистарски таблички и сообраќајна дозвола;
- По обезбедувањето на хомологацијата и регистарскиот број, во Станицата за технички преглед на АМД врз основа на документите од фактурата и хомологацијата се врши идентификација на возилото и се врши технички преглед за утврдување на техничката исправност на моторното возило;
- На шалтерот во Станицата за технички преглед на АМД, сопственикот пополнува барање за регистрација;
- Со изготвените документи во Станицата за технички преглед новиот сопственик се упатува на шалтерот во МВР за изготвување на сообраќајна дозвола;

Потребни документи за регистрација на увезено моторно возило се:

  • Странска сообраќајна дозвола од моторното возило (со превод од овластен судски преведувач и нотарска заверка);
  • Фактура или купопродажен договор за увезеното моторно возило (со превод од овластен судски преведувач и нотарска заверка);
  • Царинска декларација односно потврда за платени царински давачки;
  • Потврда за сообразност за увоз во РМ (хомологација);
  • Барање за регистрација (се изготвува во АМД);
  • Доказ за техничка исправност на возилото (не постара од 30 дена);
  • Потврда за баждареност на тахографот за товарни возила со носивост поголема од 5т;
  • Сметка или вирмански налози за платени надоместоци за регистрација;
  • Полиса за осигурување од автомобилска одговорност за моторното возило;
  • Уплата од 1400,00 денари МКД на сметка на буџет на РМ (1200,00 МКД за регистарски табли и 200,00 МКД за сообракајна дозвола);
  • Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
  • Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномоштво од овластено правно лице заверено на нотар за лицето кое во име на правното лице се овластува да го регистрира моторното возило.
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search