Одјава на возило
Возилото се одјавува во местото каде што е регистрирано односно во полициска станица во општината на сопственикот на возилото.
Возилото се одјавува од повеќе причини и тоа:

1. Дотраено
2. Отпишано
3. Оштетено
4. Уништено
5. Изгубено
6. Продадено
7. По службена должност
8. Промена на општина
9. Извезено

Постапката за одјава на возилото е следна:
- Одјавата на возилото ја врши лично сопственикот на возилото;
- Доколку се работи за правно лице кое го одјавува моторното возило тогаш е потребно полномошно за лицето кое ќе ги одјавува регистарските таблички во име на правното лице;
- Сопственикот на возилото поради една од горенаведените причини во Станицата за технички преглед на АМД со сообраќајната дозвола од возилото пополнува барање за одјава на возилото;
- Со пополнетото барање за одјава на возилото сопственикот на шалтерот во МВР го одјавува возилото каде ги враќа старите регистарски таблички и сообраќајната дозвола од возилото, а само доколку се врши продажба на тоа возило во друга општина таа сообраќајна дозвола во постапка се поништува (се става одјавен печат на сообраќајната дозвола и се запишува името и презимето на новиот сопственик и регистрационото подрачје каде возилото ќе се регистрира) и сообраќајната дозвола му се предава на новиот сопственик;

Потреби документи за одјава на возило се:

  • Сообракајна дозвола од возилото;
  • Купопродажен договор заверен на нотар;
  • Барање за одјава (се изготвува во АМД);
  • Регистарските таблички и сообраќајна дозвола од возилото кое се одјавува;
  • Лично карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
  • Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномоштво од овластено правно лице заверено на нотар за лицето кое во име на правното лице се овластува да го одјави моторното возило (за правни лица).
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search