Дополнителни услуги

АМД “Дичо Панов“ Гевгелија во соработка со АМСМ Услуги – Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.

Хомологација - Одобрување на возила

Претставува постапка со која се потврдува дека единечното возило, уникатно или не, ги исполнува соодветните одредби од Законот за возила, прописите и соодветните технички барања кои произлегуваат од овој закон.

Потребни документи:
- Царинска декларација
- Договор за купопродажба или фактура за купување
- Странска сообракајна дозвола
- ТУВ сертификат за увоз на возило

А-тест на плински уреди

Претставува постапка на испитување на преправено возило со вграден уред за ТНГ (Течен нафтен гас). Со постапката се прави преглед на вградениот уред , пропусливоста и поставеноста на исталацијата на уредот.

Потребни документи:
- Сообракајна дозвола на возилото
- Упатница за а-тест од МВР
- Документи од вградувачот на уредот

А-тест фолии

Претставува постапка за испитување на преправено возило со која се врши мерење на пропустливоста на светлина преку стаклата на кои има вградено фолии за затемнување. Со постапката се утврдува дали се исполнети пропишаните законски барања и дозволената затемнетост на стаклата.

Потребни документи:
- Сообракајна дозвола на возилото
- Упатница за а-тест од МВР

Посебно техничко-експлоатациони услови - (ПТЕУ)

Домашен превозник може да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца.
Превозот во патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз.
Проверка на исполнетоста на посебните – техничко експлоатационите услови на возилата со кои се вршат одделни видови на превоз во патниот сообраќај се врши во Станицата за технички преглед на АМД "Дичо Панов" Гевгелија, согласно со прописите за безбедност во сообраќајот.
За возилата што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови АМД "Дичо Панов" Гевгелија во соработка со техничката служба при АМСМ Центар за возила -Скопје издава потврди за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови.

Потребни документи:
- Сообраќајна дозвола од возилото.

ЦЕМТ – Преглед

Претставува постапка за проверка на товарните моторни и приклучни возила согласно Европската конвенција за транспорт на Министрите за транспорт (ЕКМТ-ЦЕМТ), за возила со ЕУРО 3 , ЕУРО 4, ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандард. Возилата кои ги исполнуваат ЕУРО стандардите добиваат сертификат кој понатаму на превозниците им служи за аплицирање за годишни ЕКМТ(ЦЕМТ) дозволи.

Потребни документи:
- Сертификат од министерство за транспорт и врски со МК-број
- Сообракајна дозвола на возилото
- Сертификат за калибриран тахограф (само за товарни возила и влекачи)
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search