Согласно донесената Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија со која се укинува делот “овластеното правно лице за вршење на технички преглед во постапката на регистрација на возило, односно правното лице надлежно за регистрација на пловниот објект да го уплати надоместокот

од член 98-а став 2 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15 и 39/16) и врз основа на известувањето од Министерството за животна средина и просторно планирање број 08-2724/1од 25.04.2018 година,АМД Дичо Панов Гевгелија    веќе нема обврска да го наплатува надоместокот за животна средина за моторните возила во постапка за регистрација на возилатаи да го уплатувана сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сепак останува обврската согласно Законот АМД Дичо Панов Гевгелија да го пресметува овој надоместока согласно горенаведената Одлука на Уставен суд граѓаните и правните лица сами да го уплаќаат овој надоместок на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во оваа прилика ги известуваме граѓаните дека во Станицата за технички преглед на АМД Дичо Панов Гевгелија има Поштенски шалтер на кој пресметаниот износ за надомест за Екологија (надомест што се плаќа за домашни и правни физички лица што ја загадуваат животната средина со користење на моторни возила) ќе можат веднаш и да го уплатат на лице место заедно со другите надоместоци кои се плаќаат веднаш при регистрација на возила.

Барај

©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search