Previous Next

Благодарение на разбирањето што Македонска Пошта го имаше во олеснување на процесот за наплата на надоместоците при регистрација на возила, почнувајќи од 04. 01. 2016 година

во Станицата за технички преглед на АМД “Дичо Панов“ Гевгелија функционира договорна Пошта како поштенска единица во која граѓаните може да ги извршат сите уплати при технички преглед и регистрација на нивното моторно возило.

Задоволството од воспоставувањето на соработката со Македонска Пошта и од функционирањето на Поштенскиот шалтер во кој само за две години се извршени околу 15.000 уплати е двострано, но е најголемо кај граѓаните кои досега уплатите ги вршат на лице место во Станицата за технички преглед.

АМД “Дичо Панов“ Гевгелија на 02. 05. 2018 година симболично ја изрази својата благодарност до Македонска Пошта и нејзиниот директор во Секторот за поштенски операции Г-дин Ремзи Абдулахи преку доделување на Благодарница за воспоставената и упсешна деловна соработка која се надеваме ќе продолжи и во иднина.

Барај

©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search