Адаптивни светла (Adaptive headlights)

Според некои истражувања речиси половината од сообраќајните незгоди се случуваат ноќе иако само 25% од вкупните патувања се одвиваат во ноќни услови.

Исправноста на светлата на возилата односно насоченоста на светлосниот сноп и неговиот интензитет е битен фактор за безбедно патување во ноќни услови, иако некои земји (вклучително и Р.М) со закон ги обврзаа возачите за задолжителна употреба на соборени светла и дење.

Првите стандардни ламби за фарови се употребени во 1940 година додека првите халогенски ламби се користени во 1962 година. Начинот на функционирање и изведба на светлата кај возилата еволуирал со текот на времето и напредокот на технологијата.

Конвенционалните изведби на светлосниот сноп најчесто се изведуваат во две варијанти и тоа симетрични и асиметрични а плоштината од патот која ја осветлуваат секогаш е фиксна.

Развојот на технологијата го постигна врвот во осветлувањето на видното поле на возачот со технологијата на адаптивни светла.

Системот на адаптивни светла (Adaptive headlights) овозможува поместување на светлосниот сноп во лево или десно при движење на возилото во кривини превземајки информации од сензорот за аголот на свртување на воланот притоа осветлувајки дел од патот кој е од витално безбедносно значење што не е случај со стандардниот начин на осветлување на патот.

Научно е докажано дека аголот на видното поле на возачот се намалува со зголемување на брзината на движење на возилото а ваквата аксиома е применета и во системот на адаптивни светла. Преку сензорите за брзината на движење на возилото се добиваат информации а со тоа и регулација  ширината односно концентрацијата на светлосниот сноп. Во урбани средини светлосниот сноп има широк спектар додека во вондрадски услови концентрацијата на светлосни зраци е поголема по надолжната оска на возилото.

Уште една многу битна придобивка од ваквиот интелегентен систем за осветлување на патот е засенчувањето на делот од патот во кој се наоѓа возило кое доаѓа од спротивна или пак се движи во иста насока. На тоа начин се избегнува заслепувањето на останатите учесници во сообраќајот и се зголемува општата сообраќајна безбедност.

Image
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search