EBA (Emergency brake assist)

Сообраќајот како систем по својот состав е хетероген, составен од најразлични видиви возила, возачи, патишта и временски услови во кои се одвива. Конфликтните ситуации со кои се среќава возачот се неизбежни. Понекогаш степенот на итност во реагирањето со системот за кочење е висок што укажува на тоа дека возачот мора максимално да запира.   Истражувањата на Daimler Benz I TRW / LucasVarity во 1992 г. покажаа дека дури 90 % од возачите не кочат „доволно силно“ кога се наоѓаат во вондредна опасна ситуација, односно силата на кочење не е одекватна на степенот на опасност.

EBA технологијата е развиена за да ја отстрани оваа возачка аномалија. Со технологијата се пресметува брзината на двожење на возилото и силата на реагирање на возачот врз педалата за кочење во секвенци од милисекунди. Доколку при обработка на таквите информации ECU утврди дека возачот не реагира соодветно, системот го корегира тоа и автоматски му асистира на возачот до максимална сила на кочење.

Image
©2017 АМД ДИЧО ПАНОВ Гевгелија. Сите права се заштитени. Дизајнирано од: epoha

Search