Вонреден технички преглед

Вонреден технички преглед се врши кога униформиран полициски службеник ке го исклучи возилото од сообракај и ќе го упати на преглед поради организирани контроли или техничка неисправност битна за безбедноста на сообракајот.

Вонреден технички преглед може да се изврши и на натоварено возило и само на одредени системи, составни делови и самостојни технички единици за кои возилото се упатува на преглед.

Вонреден технички преглед се врши возило на кое е извршена поправка на системите, составните делови, самостојните технички единици, битни за безбедноста на сообракајот а кои биле оштетени при случување на сообракајна незгода.

Бесплатни услуги

Технички преглед и регистрација на вашето моторно возило можете да извршите во станицата за Технички преглед на АМД “Гевгелија“ Гевгелија со што ги добивате следните бесплатни услуги:

  • Бесплатно балансирање на 2 тркала (кај патнички возила)
  • Бесплатна проверка на издувните гасови на дизел моторите и проверка и подесување на истите на бензинските мотори
  • Бесплатна замена на маслото во моторот (кај патнички возила)
  • Бесплатно подесување на светлото на фаровите
  • Бесплатна проверка на предниот и задниот трап и системот за кочење
  • Бесплатно шлепување до 20 км на локално ниво на дефектно или оштетено возило во случај на сообраќајна незгода. Под локално ниво се подразбира територијата на поранешна општина Гевгелија, (Гевгелија, Миравци, Богданци, Дојран). Бесплатната услуга не важи доклку возилото кое треба да се шлепува се наоѓа надвор од горенаведеното подрачје.
Технички преглед
034 218 987

Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај.