АМД Гевгелија

Дозвола за управување со туѓо моторно возило

Дозвола (Одобрение) за управување со туѓо моторно возило

ДТВ се издава на граѓани на Р.Македонија на основа на овластување од сопственикот на возилото во присуство на сопственикот и лицето на кое му се дава возилото на користење.
Рок на важност на ДТВ е една година или помалку ако тоа го бара сопственикот на возилото.

ОД ФИЗИЧКО НА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
Потребни документи
– Сообраќајна дозвола
– Лична карта на сопственикот
– Пасош на корисникот
– Лично присуство на давателот и на корисникот на возилото

цена: 485 денари

ОД ПРАВНО НА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
Потребни документи
– Сообраќајна дозвола
– Писмено овластување-барање (од правното лице до АМД) за издавање на ДТВ со сите податоци за возилото
– Пасош на корисникот и негово лично присуство

цена: 485 денари

Меѓународни документи

Согласно со потпишаните конвенции и правните регулативи на Република Македонија, за патување со моторно возило надвор од државата потребни се следниве документи:
  • Меѓународната возачка дозвола која се издава согласно со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата, усвоена на 8 ноември 1968 година во Виена.
  • Одобрение за управување туѓо моторно возило кое се издава врз основа на овластувањата на АМД добиени од страна на FIA – организација којашто ги обединува сите Авто-Мото и Туринг Клубови, како и Здруженија на светско ниво.
  • Зелен картон
Технички преглед
034 218 987

Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај.