* Улогата на антифризот

 

Многумина од нас сметаат дека улогата на антифризот се користи само како течност против смрзнување на разладниот систем на моторот на автомобилот во зимски услови. Но, неговата улога не е само таа туку е и да овозможи квалитетно ладење на моторот на автомобилот и да го штити од прегревање. Антифризот го штити моторот и системот за ладење од корозија и ги подмачкува елементите на системот за ладење составени од пластични алуминиумски, силиконски и други метални материјали.

По достигнување на работна температура и отварање на термостатот пумпата ја раздвижува разладната течност-антифризиот во системот за ладење (ладилникот, цревата, блокот и главата на моторот).

Анифризот за разлика од водата (која во системот за ладење создава калцификат и корозија) има ниска точка на смрзнување и висока точка на вриење во зависност од припремата на разладната течност (антифриз и дестилирана вода). Чистиот етилен гликол има точка на смрзнување од -120 С номешавината во сооднос 60% етилен гликол (антифриз) и 40% дестилирана вода има точка на смрзнување од -450С додека точката на вриење му е околу 1300С.

Во зависност од годината на употреба и технологијата на производство антифризот носи различни ознаки G11 со плаво зелена боја за возила произведени од почетокот на 90-тите години и рок на замена до 3 години, G12 со црвена боја и рок на замена до 5 години, G12+ со црвеновиолетова боја и неговиот заменик  G12++ каде точката на вриење оди до 1350Си G13 стандард за антифриз од 2010 година кој одговара за сите понови автомобили.

 

Автосервисот на АМД Гевгелија располага со уреди за мерење на точката на мрзнење на течноста во разладниот систем на моторот на автомобилот.