Благодарница за Авто сервис “Парк Плус“ Гевгелија

Со отварањето на новата Станица за технички преглед сопствениците на моторни возила со извршениот технички преглед на нивното патничко моторно возило добиваат и купончиња за користење на бесплатни автомеханичарски услуги.

Како во Станицата за технички преглед не се завршени сите предвидени содржини помеѓу кои и сопствен автосервис за брзи автомеханичарски услуги, друштвото до отварање на сопствен автосервис воспостави соработка со Томислав Ристов, сопственик на Авто сервис “Парк Плус“ од Гевгелија каде граѓаните можат да ја искористат услугата за балансирање на две гуми и замена на уље.

Во изминатите години Авто сервис “Парк Плус“ од Гевгелија и неговиот сопственик Томислав Ристов несебично и на високо професионално ниво му ја даваа оваа логистичка поддршка на Авто Мото Друштвото “Дичо Панов“ Гевгелија за што сме му посебно благодарни симболично преку врачување на Благодарница за успешна деловна соработка која му беше врачена на 30. 04. 2018 година.

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации