АМД Гевгелија

Благодарница за Авто сервис “Парк Плус“ Гевгелија

Со отварањето на новата Станица за технички преглед сопствениците на моторни возила со извршениот технички преглед на нивното патничко моторно возило добиваат и купончиња за користење на бесплатни автомеханичарски услуги.

Како во Станицата за технички преглед не се завршени сите предвидени содржини помеѓу кои и сопствен автосервис за брзи автомеханичарски услуги, друштвото до отварање на сопствен автосервис воспостави соработка со Томислав Ристов, сопственик на Авто сервис “Парк Плус“ од Гевгелија каде граѓаните можат да ја искористат услугата за балансирање на две гуми и замена на уље.

Во изминатите години Авто сервис “Парк Плус“ од Гевгелија и неговиот сопственик Томислав Ристов несебично и на високо професионално ниво му ја даваа оваа логистичка поддршка на Авто Мото Друштвото “Дичо Панов“ Гевгелија за што сме му посебно благодарни симболично преку врачување на Благодарница за успешна деловна соработка која му беше врачена на 30. 04. 2018 година.

Стручни Објави

EBA (Emergency brake assist)

Сообраќајот како систем по својот состав е хетероген, составен од најразлични видиви возила, возачи, патишта и временски услови во кои се одвива

Повеќе »

EBD (Electronic brakeforce distribution)

Безбедното возење е главен фокус на производителите на возила веќе подолго време. Тие вложија милиони во развивањето на безбедносни технологии. Едно од неодамнешните подобрувања на безбедносен план е токму EBD.

Повеќе »

ABS (Anti-lock braking system)

ABS (Anti-lock braking system) е електронско-хидрауличен механизам, кој со спречување на блокирање на тркалата го скратува запирниот пат и овозможува промена на правец на возење при нагло кочење .

Повеќе »