Classic – АМСМ Членство

КЛАСИК ЧЛЕНСТВО

НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ ОСАМЕНИ

Classic членството е наменето за физички лица. Ви овозможува членските услуги да ги користите без оглед дали сте возач или присутни во свое или туѓо возило. Возилото треба да е уредно регистрирано со македонски регистарски таблички и да гласи на физичко лице, бидејќи членството се однесува на Вас, а не на возилото. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила со следниве карактеристики:

1. Вкупна маса до 3,5 тона и
2. Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м.

Доколку прв пат се зачленувате или имате прекин во членството подолг од 30 дена, тогаш бесплатните услуги за пренос на возило во случај на дефект и сообраќајна незгода може да ги користите после 7 дена.