ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
Вашето здравје и безбедност треба да бидат на врвот на листата кога планирате патување. Ние сакаме Вие да патувате мирно и безгрижно и затоа Ви нудиме спектар на услуги со што Ви гарантираме безгрижно патување и покривање на најчестите ризици што демнат на патот.
Патничкото осигурување е осигурување на лица за време на патување и престој во странство кое содржи неопходна здравствена помош, осигурување од незгода, осигурување на багаж и надомест за изгубени патни документи.
ВИДОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕ
- индивидуално
- семејно
- групно
ВИДОВИ НА ПОЛИСИ
- полиса која покрива едно патување,
- полиса која покрива повеќе патувања.
