Search

Измена и дополнување на законот за животна средина

Со измените и дополнувањата на Законот за животна средина објаени во службен весник на РСМ бр.89 на 11.04.2022 година, се утврдува нов начин на пресметка на надоместокот за екологија за моторни возила и пловни објекти што се плаќа при нивната регистрација.

Имено ако досега  овој надоместок се пресметуваше само по критериумот зафатнина на возило, со измената и дополнувањето на цитираниот закон се воведува дополнителен критериум за староста на возилото кое се регистрира.

Критериумот за пресметка за старос на возилото е поделен во 5 групи и тоа:

  • за возила од 0 – 5 години 
  • од 6 – 10 години
  • од 11 – 20 години 
  • од 21 – 30 години
  • над 30 години .

а за возила од категорија  М1 и L се воведува и категорија Oldtajmeri.

Ваквиот начин на пресметка на надоместокот за екологија оптеретен со категорија старос на возило го зголемува пресметаниот износ за надомест кој граѓаните и правните лица го плаќаат при регистрација на нивните возила.

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации