Search

Јавен Повик Бр.2 Изработка На Елаборат За Поставување На Урбана Опрема

               АМД  “Дичо Панов” Гевгелија преку проектот “Гевгелија Вело град” кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална  демократија за  Западен балкан 2 (ReLOaD2), финансирана од европската унија , а спроведена од Програмата за развој на Обидинетите нации (UNDP) објавува

ЈАВЕН ПОВИК БР.2

За изработка на елаборат за поставување на урбана опрема

 Општи одредби
1. Набавувач: АМД “Дичо Панов” Гевгелија со седиште на ул. Филип Втори Македонски бр.8 1480 Гевгелија, тел. 034-213-987;
1.1 Предмет на набавката: Елаборат за поставување а урбана опрема “Гевгелија-Вело-Град”;
1.2 Елаборатот за поставување на урбана опрема треба да биде изработен во рок од 30 дена од денот на известувањето на најполовен понудувач дека е избран за најповолен понудувач по овој јавен повик.
1.3 Повикот е јавен и отворен , право да поднесе понуда има секое заентересирано правно лице регистрирано за изведување на ваков вид на работи;
1.4 Постапката за повик се спроведува со објава на веб страната и facebook профилот на АМД Гевгелија чиј основач е АМД “Дичо Панов” Гевгелија;

2. Содржина на елаборатот
2.1 Елаборатот за поставување на урбана опрема треба да содржи 15 препреки (препреките треба да бидат комбинација од пешадиски препреки и препреки за трим стаза);
2.2 Елаборатот покрај препреките треба да содржи 1-на главна табла за означување на полигонот со препреки , но и 1 помала универзална за објаснување на начинот на совладување на секоја од 15-те препреки посебно;
2.3 Препреките во елаборатот треба да бидат прилагодени за учесници со возраст од 18+;
2.4 Локацијата за која треба да се изработи елаборатот КО Негорци кол од парцела 4036/1 со површина од околу 1500м2 (10×150м);
2.5 Елаборатот треба да содржи документација која ќе се поднесува до општина Гевгелија за добивање на дозвола за постапување на урбана опрема;

3. Содржина на понудата
3.1 Понудата треба да биде изработена согласно барањето на објавувачот на јавниот повик;
3.2 Проектот Гевгелија Вело град е ослободен од ДДВ па согласно на тоа сите цени треба да бидат во МКД без вклучен ДДВ;
3.3 Понудувачот треба да достави : Податоци за понудувачот (име, адреса, матичен број, контакт), вредност на работите без вкалкулиран ДДВ , рок на изведба на работите, начин на плаќање (профактурно , одложено), и цена на понудата во денари;

4. Рок и начин на доставување на понудите
4.1 Рок на доставување на понудите: 7 работни дена од објавата на јавниот повик;
4.2 Понудата се доставува по пошта или дирекно во архивата на друштвото

5. Критериум за избор на најполовен понудувач
5.1 Најполовниот понудувач ќе се избере од страна на комисија за јавни набавки согласно следниот критериум:
– најниска цена;

Бр. 0507-126/1
22.09.2022 год.
Гевгелија

АМД “ДИЧО ПАНОВ” Гевгелија
Комисија за јавни набавки Гевгелија Вело град
Проект менаџер
Виктор Гавровски

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).