
АМД Дичо Панов Гевгелија преку проектот Гевгелија – Вело град кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (РеЛОаД2), финансирана од Европската Унија, а спроведена од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.7 – за изработка на паркинг рампи за велосипеди
- Општи одредби
1.1 Набавувач: АМД Дичо Панов Гевгелија со седиште на ул.Филип Втори Македонски бр.8 1480 Гевгелија, тел: 034-213-987;
1.2 Предмет на набавката: 10 Паркинг рампи за велосипеди за потребите на проектот Гевгелија Вело град спортска манифестација од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон;
1.3.Документација за изработка на велосипедски паркинг рампи: Скица;
1.4 Време на изработка на велосипедски паркинг рампи: во рок од 20 дена дена од денот на известувањето на најповолниот понудувач дека е избран за најповолен понудувач по овој јавен повик;
1.5 Повикот е јавен и отворен, право да поднесе понуда по јавниот повик има секое заинтересирано правно лице регистрирано за изведување на ваков вид на работи или физичко лице;
1.6 Постапката за повик се спроведува со објава на WEB страната amdgevgelija.mk и Facebook профилот на АМД Гевгелија чиј основач е АМД Дичо Панов Гевгелија и со достава на јавниот повик до потенцијални понудувачи;
- Содржина на понудата
- Понудата треба да биде изработена согласно приложената скица во јавниот повик и треба да содржи цена за 10 велосипедски паркинг рампи;
2.2 Проектот Гевгелија Вело град е ослободен од ДДВ па согласно тоа правните лица кои ќе достават понуда цената треба да ја изразат во МКД без вклучен ДДВ. Физичките лица кои ќе достават понуда цената треба да ја изразат во бруто износ (цена за паркинг рампи плус персонален данок од 10% кој набавувачот го исплаќа за понудувачот);
2.3 Понудувачот треба да достави: Податоци за понудувачот (Име, адреса, матичен број, контакт), вредност на работите без вкалкулиран ДДВ, рок на изведба на работите, начин на плаќање (профактурно, одложено), и цена на понудата во денари;
- Рок и начин на доставување на понудите
- Рок на доставување на понудите: 8 работни дена од објавата на јавниот повик;
- Понудите се доставуваат по пошта или директно во архивата на друштвото или на официјалниот E-mail amd@amdgevgelija.mk
- Критериум за избор на најповолен понудувач
- Најповолниот понудувач ќе се избере од страна на Комисијата за јавни набавки согласно следниот критериум;
–Најниска цена;
Бр. 0507-30/1
13.03.2023 год.
Гевгелија
АМД “ДИЧО ПАНОВ” Гевгелија
Комисија за јавни набавки Гевгелија Вело град
Проект менаџер
Виктор Гавровски