
АМД Дичо Панов Гевгелија преку проектот Гевгелија – Вело град кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (РеЛОаД2), финансирана од Европската Унија, а спроведена од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува
- Општи одредби
- Набавувач: АМД Дичо Панов Гевгелија со седиште на ул.Филип Втори Македонски бр.8 1480 Гевгелија, тел: 034-213-987;
- Предмет на набавката: Изработка и презентација на Збирка на добри практики од ЕУ и Западен балкан за општински проекти – општо за велосипедизам;
- Изработката на Збирка на добри практики опфаќа: подготовка, печатење на 500 примероци брошура А5 формат до 40 страници колор штампа со корица 300 грамска кунзрук пластифицирана хартија од едната страна, и внатрешност од колор штампа со 150 грамска кунзрук хартија, како и нејзина електронска верзија сето тоа изработено на Македонски јазик;
- Збирката на добри практики од ЕУ и Западен балкан за општински проекти за велосипедизам треба да биде изработена во рок од 45 дена од денот на известувањето на најповолниот понудувач дека е избран за најповолен понудувач по овој јавен повик;
- Повикот е јавен и отворен, право да поднесе понуда има секое заинтересирано правно лице регистрирано за изведување на ваков вид на работи;
- Постапката за повик се спроведува со објава на WEB страната и Facebook профилот на АМД Гевгелија чиј основач е АМД Дичо Панов Гевгелија;
- Содржина на збирката
- Збирката треба да содржи општа елаборација за условите и предиспозициите кои Општина Гевгелија ги има за развој на велосипедизмот, потребата од создавање на услоиви за вбројување на Гевгелија во пријателски градови за велосипедизам (friendly bike cities);
- Збирката треба да содржи добри практики за велосипедизам од најмалку 10 ЕУ држави и држави од Западен балкан/регионот односно градови во нив;
- Добрите практики за велосипедизам треба да бидат елаборирани, поткрепени со соодветни фотографии и линкови за пошироко запознавање со опишаните добри практики;
- Содржина на понудата
- Понудата треба да биде изработена согласно барањето на објавувачот на јавниот повик;
- Проектот Гевгелија Вело град е ослободен од ДДВ па согласно на тоа сите цени треба да бидат изразени во МКД без вклучен ДДВ;
- Понудувачот треба да достави: Податоци за понудувачот (Име адреса, матичен број, контакт), вредност на работите без вкалкулиран ДДВ, рок на изведба на работите, начин на плаќање (профактурно, одложено), и цена на понудата во денари;
- Рок и начин на доставување на понудите
- Рок на доставување на понудите: 7 работни дена од објавата на јавниот повик;
- Понудите да се достават по пошта или директно во архивата на друштвото;
- Критериуми за избор на најповолен понудувач
- Најповолниот понудувач ќе се избере од страна на Комисијата за јавни набавки согласно следниот критериум:
– Најниска цена;
Бр. 0206-128/3
27.09.2022 год.
Гевгелија
АМД “ДИЧО ПАНОВ” Гевгелија
Комисија за јавни набавки Гевгелија Вело град
Проект менаџер
Виктор Гавровски