Search

ЈАВЕН ПОВИК бр.6 – За набавка и монтажа на урбана опрема

за набавка и монтажа на урбана опрема

  

  1. Општи одредби

 

1.1 Набавувач: АМД Дичо Панов Гевгелија со седиште на ул.Филип Втори Македонски бр.8   1480 Гевгелија, тел: 034-213-987;

1.2  Предмет на набавката: Набавка и монтажа на урбана опрема за потребите на проектот Гевгелија Вело град спортска манифестација од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон;

1.3 Место за поставување/монтажа на урбаната опрема: К.П. бр.4036/1 К.О. Негорци;

1.4.Документација за поставување на урбаната опрема: Основен проект за поставување на урбана опрема бр.0701-174 од 26.10.2022 година изработен од Гоја Дооел Гевгелија, Решение за поставување на урбана опрема Уп.1 бр.11-269 од 10.11.2022 година издадено од Општина Гевгелија;

1.5 Предмер пресметка и цртежи од урбаната опрема во PDF формат секој заинтересиран понудувач може да ја симне од WEB страната на друштвото amdgevgelija.mk во објавите за Гевгелија Вело град;

1.6 Време на поставување/монтажа на урбаната опрема: во рок од 45 дена дена од денот на известувањето на најповолниот понудувач дека е избран за најповолен понудувач по овој јавен повик;

1.7 Повикот е јавен и отворен, се спроведува со постапка за преговарање, право да поднесе понуда по јавниот повик има секое заинтересирано правно лице регистрирано за изведување на ваков вид на работи;

1.8 Понудувачите кои ќе достават понуди, на барање на набавувачот доставуваат конечни понуди по јавниот повик со која ја потврдуваат или намалуваат понудената цена по доставената понуда.

1.9.Набавувачот во зависност од понудената цена одлучува колку и кои препреки од урбаната опрема ќе бидат предмет на набавката;

1.10 Постапката за повик се спроведува со објава на WEB страната amdgevgelija.mk и Facebook профилот на АМД Гевгелија чиј основач е АМД Дичо Панов Гевгелија и со достава на јавниот повик до потенцијални понудувачи;

 

  1. Содржина на понудата
 

2.1 Понудата треба да биде изработена согласно барањето на јавниот повик опишано во општите одредби, и треба да содржи цена за секоја препрека и информациона табла посебно и вкупна цена;

2.2 Проектот Гевгелија Вело град е ослободен од ДДВ па согласно тоа сите цени треба да бидат изразени во МКД без вклучен ДДВ;

2.3 Понудувачот треба да достави: Податоци за понудувачот (Име, адреса, матичен број, контакт), вредност на работите без вкалкулиран ДДВ, рок на изведба на работите, начин на плаќање (профактурно, одложено), и цена на понудата во денари;

      

      3.Рок и начин на доставување на понудите

  • Рок на доставување на понудите: 10 работни дена од објавата на јавниот повик;
  • Понудите се доставуваат по пошта или директно во архивата на друштвото или на официјалниот E-mail amd@amdgevgelija.mk
  1. Критериум за избор на најповолен понудувач
  • Најповолниот понудувач ќе се избере од страна на Комисијата за јавни набавки согласно следниот критериум;

Најниска цена;

Преземете документи:

Јавен повик бр.6 – за набавка и монтажа на урбана опрема

Предмер Препреки

Препреки Скици

Гевгелија Велотлон 2023

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски - Проект Менаџер

Зоран Кајтазов - Проект Асистент

ОБЈАВИ ЗА ГЕВГЕЛИЈА
ВЕЛО ГРАД


Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).