Search

Јавен Повик Бр.1 Изработка На Кратко Видео И Презентација

АМД “ДИЧО ПАНОВ” Гевгелија преку проектот “Гевгелија-Вело град” кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансирана од Европска Унија, а спроведена од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) објавува.

ЈАВЕН ПОВИК БР.1

Општи одредби

1.1  Набавувач: АМД “ДИЧО ПАНОВ” Гевгелија со седиште на ул. Филип Втори Македонски бр.8 1480 Гевгелија, тел: 034-213-987;

1.2 Предмет на набавката: Изработка на кратко видео и презентација на медиум/веб платформа/социјален медиум за период од 6 месеци за потребите на “Гевгелија-Вело-град”

1.3 Времетрење на видео спот: Не помалку од 60, не повеќе од 90 секунди;

1.4 Видео спотот треба да биде изработен во рок од 30 дена од денот на известувањето на најповолниот понудувач дека е избран за најповолен понудувач по овој јавен повик;

1.5 Повикот е јавен и отворен, право да поднесе понуда има секое заинтересирано правно лице регистрирано за изведување на ваков вид на работи;

2. Содржина на понудата

2.1 Содржината на видео спотот и текстот се составен дел од овој јавен повик;
2.2 Понудувачот може да предложи изменети или дополнети содржини и текст во понудата што ќе ја достави;

3. Содржина на понудата

3.1 Понудата треба да биде изработена согласно барањето на објавувачот на јавниот повик, а може да достави и изменети или дополнети содржини;
3.2 Проектот Гевгелија Вело град е ослободен од ДДВ па согласно на тоа сите цени треба да бидат изразени во МКД без вклучен ДДВ;
3.3 Понудувачот треба да достави: Податоци за понудувачот (Име, адреса, матичен број, контакт),
вредност на работите без вкалкулирани ДДВ, рок на изведба на работите, начин на плаќање (профактурирано, одложено), и цена на понудата во денари;

4. Рок и начин на доставување на понудите
4.1 Рок на доставување на понудите: 7 работни дена од објавата на јавниот повик;
4.2 Понудите се доставуваат по пошта или директно во архивата на друштвото;

5. Критериум за избор на најповолен понудувач

5.1 Најповолниот понудувач ќе се избере од страна на Комисијата за јавни набавки согласно следниот критериум;
– Најниска цена;

Бр. 0507-124/1
16.09.2022 год.
Гевгелија

АМД “ДИЧО ПАНОВ” Гевгелија
Комисија за јавни набавки Гевгелија Вело град
Проект менаџер
Виктор Гавровски

Содржина на видео спот Гевгелија-вело-град (сцени и текст) во траење од 60-90 секунди

Сцена 1: Панорамско видео од Вардарски рид, видео од центарот на Гевгелија, плоштадот и библиотеката луѓе како возат точак;

Сцена 2: : Видео од манифестацијата Гевгелија на точак во кој се опфатени деца, предавање во основно училичте опфат на деца од 5-то одделение, видео од урбанистичко планирање и презентација на урбанистички план;

Сцена 3: Видео од возење со точак по обележана велосипедска патека;
Сцена 4: Видео од возење велосипед по off road патека, видео од понуда на флаер на туристи;

Сцена 5: Дел со приказ на името на проектот, логоата на ЕУ и УНДП, Дисклајмер Општина Гевгелија, АМД Дичо Панов;


Текст за Сцена 1: Гевгелија, прекрасно место за живеење, место со прекрасна местоположба, климатски и географски услови, место во кое условите за користење на велосипед се идеални;

Текст за Сцена 2: Преку промоција на велосипедизмот уште од најрана возраст, запознавање со придобивките од користење на велосипед во рамки на образовниот систем и негово активно користење, преку планирање на урбаните содржини со велосипедски патеки уште при самото изготвување на урбанистичките планови Гевгелија може да стане место за подобро живеење.

Текст за Сцена 3: Со подигање на свеста за велосипедизмот и со активно користење на велосипеди ќе создаваме здрави животни навики, ќе ја заштитуваме животната околина, ќе го направиме сообраќајот побезбеден со користење на велосипедски патеки.

Текст за Сцена 4: Ако го подигнеме натреварувачкиот дух преку одржување на велосипедски спортски натпревари, ќе го направиме Гевгелија пријателски Вело град и ќе ја зголемиме туристичката понуда во Општина Гевгелија.

Текст за Сцена 5: Гевгелија Вело град, проект кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) финансирана од Европска Унија спроведена од Програмата за развој на Обединетите нации UNDP;

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).