Со последното дополнување на Законот за возила Сл.весник на РСМ бр.87/23 на правните лица и граѓаните кои поседуваат моторни и приклучни возила (трактор, тракторска приколка, мобилна машина, мотокултиватор, приколка за домување како и возила од категориите O1, O2 и L,) за кои немаат утврдено сопственички статус, статусот може да им се утврди со поднесување на предлог за легализација.
Правните лица и граѓаните кои поседуваат такви возила а доколку сакат да отпочнат процес за легализација и утврдување на сопственички статус сите потребни информации можат да ги добијат на шалтерот во Станицата за технички преглед на АМД Гевгелија, или на тел. 034-218-987.

