Search

Во 2020 година АМД Дичо Панов Гевгелија како главен основач го формира трговското друштво АМД Гевгелија ДОО со што отпочнува развојната компонента и се отвараат нови перспективи пред новоформираното друштво, па така покрај вршењето на дејноста технички преглед друштвото отпочнува да развива трговска дејност и сервисни услуги.

Со овластувањето за технички преглед на моторни и приклучни возила АМД Гевгелија почнува да работи на 30.11.2021 година.

 На 21.12.2021 година во сутеренските простории на друштвото  се отвара и автосервис за патнички возила опремен со најсовремена автосервисна опрема во чиј состав работи и продавница за автогуми, моторни масла, филтри и акумулатори.

На 20.11.2023 година друштвото се стекнува со Сертификат за акредитација на ИМ-137 издаден од Институтот за Акредитација на РС Македонија со што се потврди дека се исполнети условите за воведување  на  ISO стандардот 17020:2012

Врз основа на исполнетите услови АМД ги доби следните овластувања:

  • 29.01.2024 година Овластување од Министерството за Транспорт и врски за работилница за вршење на работи на инсталирање, проверка контрола и поправка на аналогни и дигитални тахографи.
  • 18.04.2024 година Овластување од министерството за Економија за техничка служба.
  • 10.06.2024 година Овластување од Министерството за Транспорт и врски за издавање на ЕКМТ тест сертификат за подготвеност за собраќај на товарните моторни и приклучни возила.

Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство при користење на нашата веб-страница, да анализираме сообраќај и да ви прикажуваме персонализирана содржина.