Промена на сопственост

Промена на сопственост се врши кога се менува сопственоста над моторното возило во исто регистрационо подрачје. По купување на моторното возило обврска е на новиот сопственик купеното моторно возило да го запише како своја сопственост.

Постапката за промена на сопственоста над моторното возило е следна:
– По купувањето на моторно возило сопственикот врши уплата на средства (на шалтерот во МВР, во банка или пошта) за регистарски таблички и сообраќајна дозвола (во случајкога сака потполно нов регистарски број) или само за сообраќајна дозвола (во случај кога го задржува регистарскиот број од претходниот сопственик);
– Сопственикот (доколку го менува и регистарскиот број) со регистарскиот број се упатува во Станицата за технички преглед на АМД каде врз основа на купопродажниот договор се пополнува барање за промена на сопственост над моторното возило;
– Со изготвените документи во Станицата за технички преглед новиот сопственик се упатува на шалтерот во МВР за изготвување на нова сообраќајна дозвола;

Потребни документи за промена на сопственоста над моторното возило се:

  • Сообраќајна дозвола од стариот сопственик;
  • Купопродажен договор заверен на нотар;
  • Барање за промена на сопственост (се изготвува во АМД);
  • Уплата од 1400,00 денари МКД на сметка на буџет на РМ (1200,00 МКД за регистарски табли и 200,00 МКД за сообракајна дозвола);
  • Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
  • Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномоштво од овластено правно лице заверено на нотар за лицето кое во име на правното лице се овластува да ја изврши промената на сопственоста над моторното возило.
РЕГИСТРАЦИЈА
034 218 987

Сопственикот на ново купеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши регистрација на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Бесплатни услуги

Технички преглед и регистрација на вашето моторно возило можете да извршите во станицата за Технички преглед на АМД “Гевгелија“ Гевгелија со што ги добивате следните бесплатни услуги:

  • Бесплатен превентивен технички преглед
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми (само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на масло и филтер за масло (за масло и филтери купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на гуми и нивно балансирање (за гуми купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин (само за патнички возила)
  • Бесплатен шлеп на возило во дефект или оштетано во сообраќајка незгода до 40 км од цела територија на РМ за услуга извршена од АМСМ важи само за патнички возила