Постапка при вршење технички преглед

Техничкиот преглед на возилото го вршат двајца контролори едновремено, од кои едниот е во возилото и управува со истото, а другиот ја спроведува постапката на техничко испитување на возилото.

Техничкиот преглед ќе се изврши само ако возилото е чисто, обоено и нема видни оштетувања на каросеријата.
Вообичаено техничкиот преглед се врши на празно восило оптоварено само со контролорот што го управува, односно возачот и контролорот и задолжителната опрема, со исклучок на техничкиот преглед на исклучено возило од сообраќај поради техничка неисправност кој може да се врши и на натоварено возило (вонреден технички преглед).

 

Постапка за вршење на технички преглед се одвива во следните фази утврдени со Правилникот за вршење на технички прелед на моторни и преклучни возила, трактори и земјоделски трактори:

Испитувања

Идентификациjата е постапка во коjа се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила.
При технички преглед идентификацијата започнува со проверка на регистарскиот бројот во документите, проверка на бројот на шасија и типот и бројот на моторот.

При преглед на возната постројка и на каросеријата (самоносечката конструкција) се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали врските меѓу тркалото и рамот, односно каросеријата се оштетени или разлабавени
Дали тркалата на своите ракавци или полувратилата се правилно поставени и осигурани
Дали тркалата на своите ракавци или полувратила незјаат повеќе од дозволеното
Дали елементите на еластичниот систем се добро прицврстени за своите носачи
Дали се механички оштетени
Дали исправно функционираат, односно дали влијаат на врз стабилноста на возилото

При преглед на каросеријата (самоносечката конструкција) се извршуваат следниве проверки на возилото:

Дали каросеријата (самоносечката конструкција) и нивните врски заковки, завртки, навртки и места што се заварени не се деформирани или оштетени во таа мера да постои опасност од кршење
Дали рамот или носечкиот дел на конструкцијата не ја изменил формата, односно не е преправан заради зголемување или намалување на товарниот простор или од други причини

При преглед на моторот се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали моторот е добро прицврстен на своите држачи и дали елементите за врска се исправни и неоштетени
Дали моторот е комплетен, односно дали ги има сите агрегати за определената погонска енергија
Дали моторот при работа создава бучава поголема од дозволената
Дали моторот при работа ги задоволува пропишаните услови во поглед на загадувањето на атмосферата При преглед на погонските уреди се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали сите уреди за пренос на силата од моторот до погонските тркала се исправни, односно неоштетени и добро прицврстени на своите држачи
Дали врските меѓу одделни уреди за трансмисија (главна спојка, менувач, карданско вратило, погонски мост) се неоштетени и добро прицврстени

При преглед на уредот за управување се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали деловите и склоповите на механизмот за управување се добро зацврстени
Дали деловите и склоповите на механизмот за управување се оштетени или нестручно поправени
Дали деловите и склоповите на механизмот за управување се исправни и осигурани со расцеп на зглобовите на споните и лостовите кои го врзуваат управувачкиот механизам на тркалата
Дали слободниот од на тркалата на управувачот е во дозволени граници
Дали сите елементи и делови на сервоуредот за управување се исправни
Дали се оштетени или ослабени цевките или цревата на сервоуредот за управување
Дали уредот како целина исправно функционира

При преглед на светлосните и на светлосно-сигналните уреди се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали на возилото се вградени само пропишани светла и дали се поставени на пропишан начин
Дали бојата, бројот, положбата и јачината на светлосните уреди се во согласност со постојните прописи
Дали светлата се меѓусебно поврзани на пропишан начин и дали функционираат исправно
Дали светлосниот сноп на собореното светло и светлосниот сноп на големото светло се со соодветен интензитет и правилно утврден така да го осветлува патот на пропишан начин

Дали стаклото на фарот е неоштетено и дали сферното огледало е без механички оштетувања, корозија и доволно сјајно

Дали на возилото постојат светлосни уреди, чиешто поставување не е дозволено
Дали уредите се поставени на пропишан начин
Дали видливоста, бројот, бојата, положбата, јачината и работата на уредите се во согласност со постојните прописи и дали функционираат исправно
Дали светлата можат да се вклучат на пропишан начин и дали се прописно поврзани со другите светла

Дали на возилото се вградени сите светлосни и звучни уреди кои за поодделни видови возила се пропишани – брзиномер со патомер, тахограф, сигнализатор за контрола на работата на покажувачот на правецот, контролна ламба за големо светло, покажувач на расположливиот притисок на пневматикот или на хидрауличниот уред за сопирање, како и тоа дали функционираат исправно, а за тахографот потребна е и потврда за извршен преглед на точноста и жигосување од овластена организација.

При преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали ветробранското стакло и другите застаклени површини на возилото се изработени од сигурносно стакло и дали се добро зацврстени во своите лежишта
Дали застаклените површини се доволно провидни, неоштетени и дали покажуваат значителни деформации на предметите што се гледаат преку нив
Дали возилото има бришачи, перачи и одмаглувачи на ветробранското стакло кои функционираат правилно и на возилото постојат пропишани огледала на соодветни места кои се прицврстени на пропишан начин

При преглед на оските, тркалата и на пневматиците се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали возилото ги има сите оски и дали истите се исправни и неоштетени
Дали бојата, бројот, положбата и јачината на светлосните уреди се во согласност со постојните прописи
Дали на возилото се наоѓаат сите предвидени тркала и дали се деформирани од удар или од други причини
Дали на тркалата се вградени пневматици со пропишани димензии
Дали пневматиците на тркалата на иста оска се исти по вид, носивост и димензии
Дали пневматиците се истрошени во поголема мера од дозволените вредности или се оштетени на друг начин

При преглед на уредот за давање звучни сигнали се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали возилото има уред што функционира исправно
Дали дава звук со интензитет и дали се вградени други уреди што не се пропишани
Дали посебниот уред за давање звучни сигнали, доколку е пропишан, дава звук со низа тонови со променлив интензитет
Дали командата за вклучување е поставена на пропишано место

При преглед на уредите за движење на возилото наназад се извршуваат следниве проверки:
Дали на возилата кои мораат да имаат степен на пренос што овозможува движење на возилото наназад се проверува дали тој уред функционира исправно се вградени само пропишани светла и дали се поставени на пропишан начин

При преглед на уредот за испуштање на согорените гасови се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали изводот на издувната цевка е поставен во пропишаниот правец
Дали уредот како целина е во исправна состојба
Дали моторот, кога е оптоварен, произведува гасови потемни од пропишаната боја

Емисија на издувни гасови

При преглед на уредите за спојување на влечно и приклучно возило се извршуваат следниве проверки на возилото:
Дали влечниот уред е изведен и поставен на пропишан начин и дали е неоштетен и поправен
Дали оската на влечниот уред за спојување со помош на која се впрегнува возилото има осигурувач кој оневозможува при нормална употреба раздвојување на впрегнатите возила

Проверката на геометријата на управувачкиот механизам се врши на технички преглед на уред наречен нагазна плоча.

Проверката се врши со поминување на возилото низ нагазната плоча. Самиот уред при поминување го регистрира отстапувањето на возилото од праволиниското движење во мерна единица метар на километер.
-исправна насоченост имаме кога отстапуваюето е до 3 метри на километер
-добра насоченост имаме кога отстапуваюето е од 3 до 7 метри на километер
-лоша насоченост или неисправен управувачки механизам имаме кога отстапуваюето е повеке од 7 метри на километер

Проверка на амортизерите – уред за суспензија кај возилата
Проверката на амортизерите на возилото се спроведува на уредот за проверка на амортизерите.

Проверката започнува кога ке се постави возилато на самиот уред.

Уредот предава осцилациии на секое тркало поединечно и го мери пригушувањето на осцилациите од страна на амортизерот.

Останати уреди на кои треба да се изврши проверка при технички преглед на возилото се:
1. Уреди што овозможуваат нормална видливост
– ветробранско стакло и надворешни прозорски стакла на кабината и каросеријата;
– брисач;
– перач-прскалки за вода;
– возачки огледала;
2. Други уреди и делови на возилото
– податоци на возилото
– внатрешен простор на возилото
– врати и брави
– капаци и други видови затворачи
– уред за одмрзнуваюе и одмаглување на ветробранот
– калници и браници
– акумулатор- сместеност
– уред за обезбедување на возилото од кражба
– простор за товар и страници со затворачи и со осигурувачи
– изглед на бојата и ознаки на возилото
– регистриски таблици
– димензии и тежина на возилото
3. Опрема на возилото
– апарат за гасење пожар
– резервно тркало
– тряголник
– кутија за прва помош
– клинести подметки
– резервни сијалици
– чекан

АМСМ постапка при вршење технички преглед

Амд Гевгелија – АМСМ постапка при вршење технички преглед 

https://www.facebook.com/amdgevgelija/https://www.facebook.com/amdgevgelija/ 

АМД Гевгелија – АМСМ постапка при вршење технички преглед 

Амд Гевгелија – соработка со амсм услуги

https://www.facebook.com/amdgevgelija/ 

АМСМ 

ЗА БЕЗГРИЖНИ СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА!– Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.АМД “Гевгелија“ – Гевгелија во соработка со АМСМ Услуги – Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.А

Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.АМД “Гевгелија“ – Гевгелија во соработка со АМСМ Услуги – Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.

ЕВРОПА ПРЕМИУМ

ЧЛЕНСТВО И ВО ЕВРОПА ИСТО КАКО ДОМА!

БИЗНИС

ЧЛЕНСТВО И ВАШИОТ БИЗНИС НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАСТАНЕ!

ЕВРОПА ПРЕМИУМ

ЧЛЕНСТВО И ВО ЕВРОПА ИСТО КАКО ДОМА!

БИЗНИС ЕВРОПА ПРЕМИУМ

ЗА БЕЗГРИЖНИ СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА!

 

АМСМ ЧЛЕНСТВО 

Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.АМД “Гевгелија“ – 

Гевгелија во соработка со АМСМ Услуги – Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.  ЕВРОПА ПРЕМИУМ
АВТОМОБИЛСКО
ПАТНИЧКО
ДОМАЌИНСКО 

Амд Гевгелија -АМСМ постапка при вршење технички преглед 

Амд Гевгелија – АМСМ ОСИГУРУВАЊЕ

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
034 218 987

Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај.

Бесплатни услуги

Технички преглед и регистрација на вашето моторно возило можете да извршите во станицата за Технички преглед на АМД “Гевгелија“ Гевгелија со што ги добивате следните бесплатни услуги:

  • Бесплатен превентивен технички преглед
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми (само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на масло и филтер за масло (за масло и филтери купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на гуми и нивно балансирање (за гуми купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин (само за патнички возила)
  • Бесплатен шлеп на возило во дефект или оштетано во сообраќајка незгода до 40 км од цела територија на РМ за услуга извршена од АМСМ важи само за патнички возила