Search

Во 2020 година АМД Дичо Панов Гевгелија како главен основач го формира трговското друштво АМД Гевгелија ДОО со што отпочнува развојната компонента и се отвараат нови перспективи пред новоформираното друштво, па така покрај вршењето на дејноста технички преглед друштвото отпочнува да развива трговска дејност и сервисни услуги.

За таа цел на 21.12.2021 година во сутеренските простории на друштвото  се отвара и автосервис за патнички возила опремен со најсовремена автосервисна опрема во чиј состав работи и продавница за автогуми моторни масла и филтри.