ГЕВГЕЛИЈА
Хронологија
Зачетоците на Авто Мото Друштвото во Гевгелија започнуваат уште од 1950 година кога во рамките на тогашна Народна техника покрај останатите секции (Кајакарско-бродарско друштво „Ристо Букршлиев’’, Фото – кино клуб Вардар, Радио клуб „Никола Тесла’’, Аеро клубот и други) се формира секција за автомобилизам и моторциклизам која прераснува во Авто Мото Друштво. Тоа во рамките на таа секција најпрво го носи името Авто Мото Друштво „Гевгелија’’.
По формирање на друштвото истото во рамките на Народна техника отвара механичарска работилница на локација северно од Филатурата во Гевгелија, односно фабриката за преработка на свилена буба, во која се извршуваат функциите на друштвото преку давање на автомеханички услуги за поправање и одржување на своите како и на надворешните возила.
Најпрво друштвото преку Народна техника и АМСМ го добива првото патничко возило од германско потекло, останати од II-та светска војна, марка ADLER, а подоцна уште едно патничко возило марка OPEL, два товарни камиони на воздушно ладење, марка OPEL-BLIC и еден товарен камион марка STAER исто така со воздушно ладење.
Освен давање на автомеханичарски услуги во поправка и одржување на возила, друштвото вршело и транспортни услуги, а една од основните функции била и обука на кандидати, односно регрути за возачи на моторни возила во ЈНА.
По несреќното загинување на Дичо Панов (во 1951 година), Авто Мото Друштвото „Гевгелија’’ во негова чест во 1954 година го менува името во АМД „Дичо Панов’’ – Гевгелија, од кога почнува да функционира надвор од рамките на Народна техника.
АМД „Дичо Панов’’ Гевгелија самостојно и мошне активно ги извршува функциите до 1961 година (автомеханичарски услуги за поправка и одржување на возила, транспортни услуги и обука на кандидати, односно регрути за возачи на моторни возила во ЈНА), за да после тој период настапи период во кој сите функции на друштвото згаснуваат.

Во периодот после 1961 година се до 1968 година друштвото е сосема некативно за веќе во 1968 година по завземен став на тогашното раководство на АМСМ за формирање на автомобилски друштва во внатрешноста на Република Македонија, во Гевгелија се формира или во континуитет продолжува со работа АМД „Дичо Панов’’ Гевгелија, овој пат со свои органи на управување.
Во периодот од 1968 до 1975 година АМД „Дичо Панов’’ Гевгелија продолжува да ги извршува своите функции како и порано, а во 1975 година пристапува кон АМСМ со што и овластувањата за работа стануваа поголеми.
Овластувањата за работа во периодот од 1975 до 2005 година се различни, односно во одреден период, друштвото работело со повеќе, а во друг со повеќе овластувања. Така, друштвото во период по 1975 година покрај давање на автомеханичарски услуги работи на давање на помош на пат преку службата Помош информации, го развива членството во АМСМ, добива овластување за прибирање, чување и продажба на царински возила по прекршоци, издава Тир-карнети и меѓународни документи, врши обука на возачи со сопствена авто школа, врши менувачки работи и слично.
Веќе во 1992 година добива овластување за отварање Станица за технички преглед на моторни и приклучни возила, а во 1996 година и овластување за гранично работење.
Кон крајот на 2000 година поради промени во организационата поставеност, овластувањето за гранично работење , како и прибирање, чување и продажба на царински возила се централизира и преминува во надлежност на АМСМ.
Од 2000 година АМД „Дичо Панов’’ извршува овластувања за Технички преглед и регистрација на моторни и приклучни возила, Служба помош информации и издавање на меѓународни и туринг документи.
Во 2006 година поради поради организациони промени во АМСМ доаѓа до централизација на Службата Помош Информации и оваа надлежност од друштвото преминува во АМСМ.
На 08.06.2006 фодина поставен е камен темелник на Станицата за технички преглед на моторни возика во сопственост на друштвото.
Од 01.01.2007 година и Службата помош информации преминува во надлежност на АМСМ.
Во меѓувреме градежните активности за иградба на Станицата за технички преглед до фаза карабина привршуваат кон средината на 2007 година, а во периодот до септември 2010 год. Градежните активности мируваат. По продолжувањето на градежните активности во септември 2010 година Станицата за технички со изградени најнеопходни содржини (технички преглед, шалтер, сала, работел дел за контролори и мал административен простор) неопходни за нејзино функционирање свечено е пуштена во употребаа на 11.03.2011година.
По пуштање во работа на Станицата за технички преглед друштвото ги зголемува своите услуги па така во соработка во АМСМ врши хомологаџии, атести за вградени плински уреди, фолии на стакла, преправки на возила, ЦЕМТ-преглед за подготвеност на возилата за сообраќај, ПТЕУ-Потврди за техничко експлоатациони услови, а се стекнува и со овластување за идентификација на возила.
Во 2017 година се довршени и ставени во употреба административните простории на друштвото со што се создадени пристојни услови за работа.
До формирањето на трговското дрштво АМД во 2020 година АМД “Дичо Панов” Гевгелија ги врши сите претходно наведени услуги, а како главна дејност технички преглед на моторни и приклучни возика. Но по формирањето на трговското друштво сите надлежности поминуваат во АМД Гевгелија ДОО, а АМД до 2013 година друштвото бележи богата спортска активност во делот на организација на авто и мото трки од државен балкански и европски карактер:
– Кружна авто трка во Гевгелија 19-20.05.2001 година;
Мотокрос трки:
- Балканско првенство во класите 80, 125 и пп3 20-21.04.2002 год;
- Европски јуниорски шампионат во класата 250 цц3 01-02.02.2002 год;
- Европски јуниорски шампионат во класата 125 цц3 19-20.04.2003 год;
- Балкански шампионат во класите 65,85,125 и 250 цц3 08-09.11.2003 год;
- Балкански шампионат во сласите 65,85,125 и 250 цц3 02-03.04.2005 год;
- Балкански шампионат во класите 65,85,125 и 250 цц3 11-12.04.2005 год;
- Балкански шампионат во класите 65,85,125 и 250 цц3 24-25.03.2007 год;
- Источно Европско шампионат во класите 80 125 и 250 цц3 06.04.2008 год;
- Државно првенство во класите 80,125 и 250 цц3 02.11.2008 год;
- Источно европски шампионат во класите 65,80 125 и 250 цц3 14-15.03.2009 год;
- Источно еврпски шампионат во класите 65,85,125 и 250 цц3 02-03.04.2011 год;
- Источно еврпски шампионат во класите 65,85, 125 и 250 цц3 28-29.04.2012 год;
- Европски шампиона во класите 65 и 85 цц3 28-29.04.2012 год;
- Источно европски шампионат во класите 65,85 125 и 250 цц3 29.04.2012 год;
- Европски шампионат во класите 65 и 85 цц3 30-31.03.2013 год;
Друштвото исто така има реализирано проекти согласно неговите статурарни цели и задачи.
Проект за подигање на свеста и заштита на животната средина насловен “Заштита на животната средина и природата преку контрола на издувни гасови од моторни возила” кој го работеше на повик на Министерството за животна средина Јули 2005 година, а подоцна во Ноември 2005 година и на отворен повик од страна на УНДП;
- Проект за промоција на велосипедизмот за здрави животни навики насловен “Гевгелија Вело град” работен на отворен повик на УНДП Јуни 2022 година;
Во 2020 година АМД Дичо Панов Гевгелија како главен основач го формира трговското друштво АМД Гевгелија ДОО со што отпочнува развојната компонента и се отвараат нови перпективни пред новоформираното друштво, па така покрај врштењето на дејноста технички преглед друштвото отпочнува да развива трговска дејност и сервисни услуги.
За таа цел на 21.122021 година во сутеренските простовии на друштвото се отвара и автосервис за патнички возила опремен со најсовремена автосервисна опрема за во чиј состав работи и продавница за автогуми моторни масла и филтри.
Друштво
Амд Гевгелија – АМСМ Друштво
https://www.facebook.com/amdgevgelija/
https://www.facebook.com/amdgevgelija/
АМД Гевгелија – АМСМ друштво
Амд Гевгелија – соработка со амсм услуги
https://www.facebook.com/amdgevgelija/
АМСМ
ЗА БЕЗГРИЖНИ СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА!– Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.АМД “Гевгелија“ – Гевгелија во соработка со АМСМ Услуги – Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.А
Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.АМД “Гевгелија“ – Гевгелија во соработка со АМСМ Услуги – Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.
ЕВРОПА ПРЕМИУМ
ЧЛЕНСТВО И ВО ЕВРОПА ИСТО КАКО ДОМА!
БИЗНИС
ЧЛЕНСТВО И ВАШИОТ БИЗНИС НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАСТАНЕ!
ЕВРОПА ПРЕМИУМ
ЧЛЕНСТВО И ВО ЕВРОПА ИСТО КАКО ДОМА!
БИЗНИС ЕВРОПА ПРЕМИУМ
ЗА БЕЗГРИЖНИ СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА!
АМСМ ЧЛЕНСТВО
Центар за возила, врши активности и услуги кои се однесуваат на возилата, нивното одобрување, проверка на безбедносните карактеристики, еколошките подобрувања, исплонетост на услови за вршење дејност и други услуги во врска со моторните и приклучни возила.АМД “Гевгелија“ –