Search

Гевгелија ВЕЛО Град

Информации за Гевгелиски Велотлон

07 Мај 2023 Година

Превземи правилник

Превземи согласност родител/старател

Локација

Локација на Настанот

Информации за проектот Вело град

АМД Дичо Панов Гевгелија го спроведува проектот „Гевгелија Вело град“ кој пред пошироката јавност ќе се промовира преку изработка на видео спот, мултимедијално анимирано видео, збирка на добри практики за велосипедизам од повеќе европски држави вклучително балканот, едукативни работилници во основните школи и средношколскиот училишен центар, работилници со јавната администрација, урбанистичките планери, туристичките работници и слично.

 

Целта на проектот е промоција на велосипедизмот преку искористување на климатските и теренски погодности за негова поголема промоција, стекнување на здрави животни навики кај младите, зголемување на економската активност на општината преку туристичко ориентирани услуги кон велосипедизмот и развој на Гевгелија како Friendly bike city општина. Дополнително, проектот ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда преку организирање на спортски настан од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон, со тенденција тој во иднина да прерасне во традиција.

Проектот ќе ги застапува и промовира интересите на велосипедистите, со посебен акцент на младата популација, ќе се воспостави соработка со образовните институции за промоција и безбедно користење на велосипедите, а ќе се оствари и соработка со институциите и локалните туристички работници за потенцијалите за развој на туризмот што ги овозможува велосипедизмот. Се очекува со спроведување на проектот да се зголеми туристичката понуда и бројот на посетители на општината.

Проектот „Гевгелија Вело град“ се спроведува во рамки на програмата за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот ќе се спроведе во период од 01.07.2022 до 31.05.2023 година.

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).