Недела 12- ми Мај, 2024.
46 учесници од 14 градови од Македонија, Гевгелија (24), Богданци (3), Велес (1), Куманово (1), Скопје (3), Штип (2), Неготино (2), Кичево (1), Македонски брод (1), Прилеп (1), Радовиш (2), Валандово (1), Негорци (2), Миравци (2) се натпреваруваа на вториот Гевгелиски Велотлон (возење Off road велосипед, трчање и совладување препреки) на специјално подготвена патека во должина од 5600 метри. Учесниците се натпреваруваа во категории 14-18, 18-35, 35-55 и 55+ години во машка и женска конкуренција.
Во машка конкуренција најмладиот учесник Танче Туртуров имаше 14 години а најстариот Живко Мурџев 72 години. Во женска конкуренција најмладата учесничка Јована Дичева имаше 16 години а најстарата учесничка Бојана Стефанова 36 години.
Да се потсетиме на случувањата!


