Продолжување на регистрација

Сопственикот на моторното возило има обврска после истекот на важноста на регистрацијата да ја продолжи важноста на регистрацијата на моторното возило.

Постапката за продолжување на регистрацијата е следна:
– Сопственикот се упатува со возилото во Станицата за технички преглед на АМД каде се врши технички преглед за утврдување на техничката исправност на моторното возило;
– На шалтерот во Станицата за технички преглед на АМД сопственикот пополнува барање за регистрација;
– Сопственикот на моторното возило со целокупната документациа се упатува на шалтерот на МВР каде се врши продолжување на регистрацијата преку заверка на сообраќајната дозвола;

Потреби документи за продолжување на регистрацијата се:

  • Сообракајна дозвола од возилото;
  • Барање за продолжување на регистрацијата (се изготвува во АМД);
  • Доказ за техничка исправност на возилото (не постара од 30 дена);
  • Сметка или вирмански налози за платени надоместоци за регистрација;
  • Полиса за осигурување од автомобилска одговорност за моторното возило;
  • Потврда за баждирање на тахографот за товарни возила со носивост поголема од 5т.;
  • Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
  • Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномошто од овластено правно лице, заверено на нотар за лицето кое во ме на правното лице се овластува да ја продолжи регистрацијата на моторно возило.
РЕГИСТРАЦИЈА
034 218 987

Сопственикот на ново купеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши регистрација на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Бесплатни услуги

Технички преглед и регистрација на вашето моторно возило можете да извршите во станицата за Технички преглед на АМД “Гевгелија“ Гевгелија со што ги добивате следните бесплатни услуги:

  • Бесплатен превентивен технички преглед
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми (само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на масло и филтер за масло (за масло и филтери купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на гуми и нивно балансирање (за гуми купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин (само за патнички возила)
  • Бесплатен шлеп на возило во дефект или оштетано во сообраќајка незгода до 40 км од цела територија на РМ за услуга извршена од АМСМ важи само за патнички возила