Пријава на возило

Возилото се пријавува во регистрационото подрачје односно местото на живеење на сопственикот на возилото.

Постапката за пријава на возилото е следна:
– Новиот сопственик со одјавената сообраќајна дозвола во неговото место на живеење најпрво на шалтерот во МВР врши проверка дали возилото е одјавено од старото регистрационо подрачје;
– Доколку возилото е одјавено, истото може да се регистрира во новото регистрационо подрачје односно местото на живеење на новиот сопственик;
– Новиот сопственик врши уплата на средства (на шалтерот во МВР, во банка или пошта) за нови регистарски таблички и сообраќајна дозвола и со регистарскиот број се упатува во Станицата за технички преглед каде се изготвуваат документите за пријава на возилото во новото регистрационо подрачје;
– Со изготвените документи во Станицата за технички преглед новиот сопственик се упатува на шалтерот во МВР за изготвување на нова сообраќајна дозвола;

Потребни документи за пријава на возилото се:

  • Сообракајна дозвола од возилото на која има заверка од МВР дека возилото е одјавено од старото регистрационо подрачје (се дава на увид на шалтерот на МВР во новото регистрационо подрачје);
  • Купопродажен договор заверен на нотар;
  • Барање за пријава (се изготвува во АМД);
  • Уплата од 1400,00 денари МКД на сметка на буџет на РМ (1200,00 МКД за регистарски табли и 200,00 МКД за сообракајна дозвола);
  • Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
  • Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномоштво од овластено правно лице заверено на нотар за лицето кое во име на правното лице се овластува да го пријави моторното возило.
РЕГИСТРАЦИЈА
034 218 987

Сопственикот на ново купеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши регистрација на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Бесплатни услуги

Технички преглед и регистрација на вашето моторно возило можете да извршите во станицата за Технички преглед на АМД “Гевгелија“ Гевгелија со што ги добивате следните бесплатни услуги:

  • Бесплатен превентивен технички преглед
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми (само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на масло и филтер за масло (за масло и филтери купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на гуми и нивно балансирање (за гуми купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин (само за патнички возила)
  • Бесплатен шлеп на возило во дефект или оштетано во сообраќајка незгода до 40 км од цела територија на РМ за услуга извршена од АМСМ важи само за патнички возила