Регистрација на ново возило

Што значи ново купено возило? Ново купено возило е возило кое претходно не било регистрирано ниту еднаш во било која држава.

Сопственикот на ново купеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши технички преглед на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Постапката за регистрација на ново купеното моторно возило е следна:
– Сопственикот се упатува во Станицата за технички преглед на АМД каде врз основа на документите од фактурата и хомологацијата се врши идентификација на возилото и се врши технички преглед на истото;
– На шалтерот во Станицата за технички преглед на АМД, за сопственикот се пополнува барање за регистрација;
– Со изготвените документи во Станицата за технички преглед сопственик се упатува на шалтерот во МВР за изготвување на сообраќајна дозвола и издавање регистарски ознаки (таблици);

Потребни документи за регистрација на ново купено моторно возило се:

  • Фактура за купеното моторно возило;
  • Согласност за регистрација или Потврда за сообразност (хомологација);
  • Барање за регистрација (се изготвува во АМД);
  • Царинска декларација односно потврда за платени царински давачки;
  • Сметка или вирмански налози за платени надоместоци за регистрација;
  • Полиса за осигурување од автомобилска одговорност за моторното возило;
  • Уплата од 1200 МКД за регистарски таблици, 200 МКД за сообракајна дозвола и 100 МКД за административна такса на сметка на буџет на РМ;
  • Лична карта и лично присуство на сопственикот (за физички лица);
  • Лично присуство на овластено лице од правното лице (за правни лица) или полномоштво од овластено лице заверено на нотар за лицето кое во име на правното лице се овластува да го регистрира моторното возило.
РЕГИСТРАЦИЈА
034 218 987

Сопственикот на ново купеното моторно возило за да учествува во сообраќај со истото, треба да изврши регистрација на моторното возило во Станицата за технички преглед на АМД.

Бесплатни услуги

Технички преглед и регистрација на вашето моторно возило можете да извршите во станицата за Технички преглед на АМД “Гевгелија“ Гевгелија со што ги добивате следните бесплатни услуги:

  • Бесплатен превентивен технички преглед
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми (само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на масло и филтер за масло (за масло и филтери купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна замена на гуми и нивно балансирање (за гуми купени во автосервисот важи само за патнички возила)
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин (само за патнички возила)
  • Бесплатен шлеп на возило во дефект или оштетано во сообраќајка незгода до 40 км од цела територија на РМ за услуга извршена од АМСМ важи само за патнички возила