АМД Гевгелија на 20.11.2023 година се стекна со Сертификат за Акредитација Бр.ИТ-137 издаден од Институтот за акредитација со кој се потврдува дека се исполнети барањата на Стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012, тип А за следните дејности:
- Одобрување на возила L, M, N, O, T, R, C, S;
- Одобрување на преправено возило во кое дополнително е вграден:
- Уред за погон на возилото на течен нафтен гас (ТНГ),
- Заштитни фолии или обоени стакла,
- Механички уред за спојување на моторните и приклучните возила (кука);
- Инспекција при утврдување и втиснување на идентификациски ознаки на возилата (број на мотор и број на шасија);
- Инспекција на аналогни и дигитални тахографи;
- Инспекција на подготвеност на возилата за сообраќај (ЦЕМТ-ЕКМТ);
- Инспекција за исполнување на посебно техничко експлоатациони услови ПТЕУ;
Врз основа на исполнетите барања АМД Гевгелија ги доби следните овластувања:
-29.01.2024 година Овластување од Министерството за Транспорт и врски за работилница на вршење на работи на инсталирање, проверка контрола и поправка на аналогни и дигитални тахографи.
-18.04.2024 година Овластување од Министерството за економија за техничка служба.
-10.06.2024 година Овластување од Министерството за Транспорт и врски за издавање на ЕКМТ тест сертификат за подготвеност за собраќај на товарните моторни и приклучни возила.