Search

Втиснување ознаки

За возилата за кои во претходна постапка ќе им се утврди дека немаат идентификациската ознака или истата е оштетена или непозната, се утврди дека постојат механички зафати за превтиснување на одредени карактери и слично, се спроведува постапка за втиснување на идентификациски ознаки на возилото.

Потребни документи за отпочнување на постапка за втиснување на идентификациски ознаки на возилото:

  • Сообраќајна дозвола од возилото;
  • Упатница за А-тест од МВР;

Бесплатни услуги

Со извршен технички преглед на ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО  корисниците на услуга ги добиваат следните бесплатни услуги:

  • Превентивен технички преглед во текот на регистрационата година (Важи за сите категории на возила);
  • Бесплатен шлеп до 40 км за дефектно или оштетено возило во сообраќајна незгода од цела територија на Р.Македонија за услуга користена од АМСМ;
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми;
  • Бесплатна замена и балансирање на гуми купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна замена на филтер и масло за мотор, за филтер и масло купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • 20% попуст на работна рака за услуги користени во автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин;

Услугите може да ги користите во зависност од Вашите потреби. Со користење на бесплатните услуги на годишно ниово може да заштедите до 4.000,00 денари;