На 06.06.2023 година се одржа завршна работилница по проектот Гевгелија Вело Град. На работилницата која беше насловена „Што беше планирано, што направивме, и што треба да се направи“, се направи ретроспектива на сите планирани и изведени настани за време на проектот кој се реализираше во период од 01.06.2022 до 31.05.2023 година. Исто така на еден дел од работилницата беше презентирано што во иднина сите надлежни институции кои можат да дадат свој придонес во подигање на свеста и создавањето на подобри услови за велосипедистите можат и треба да направат за овие состојбите да се подобрат.
Од тимот на АМД Дичо Панов беше истакнато дека покрај другото се посебно горди што се работеше еден таков проект кој пред се придонесе и го поттикна формирањето на првиот велосипедски клуб во Општина Гевгелија „Гевгелија Точак Клуб“ (ГТК), се мапира и трасира првата велосипедска Off road патека, се направи полигон со препреки и полигон за трчање а се одржа првиот Гевгелиски Велотлон комбиниран спортски натпревар во три дисциплини возење велосипед по Off road патека, трчање и совладување на препреки.
Работилницата заврши со надеж и заклучок дека активностите за подигање на свеста за користење на велосипед и создавање на подобри услови за велосипедистите треба да продолжат и во иднина.