Search

Гевгелиски Велотлон 2025

Информации за Гевгелиски Велотлон 2025

17 и 18 Мај 2025 Година
саатнина 09:00-15.00 часот – 18ти Мај
старт натпревар 11:00 часот

Податоци за организаторот

Организатор: Здружение на граѓани АМД „Дичо Панов“ Гевгелија

Коорганизатор: АМД „Гевгелија“ Доо Гевгелија, Станица за технички преглед

Е-маил Организатор/Коорганизатор: amd@amdgevgelija.mk

WEB Организатор/Коорганизатор: amdgevgelija.mk

Facebook Организатор/Коорганизатор: АМД “Гевгелија“ Гевгелија

Координатор на настанот: Виктор Гавровски 070 225 227

Помошник Координатор: Зоран Кајтазов 070 320 190

Превземи правилник

Превземи согласност родител/старател

Локација

Кратка информација за Гевгелискиот Велотлон

 

Гевгелиски Велотлон е комбиниран натпревар на возење на велосипед по Off road патека, совладување на препреки и трчање по ридска патека.

Вкупната должина на патеката изнсува 5600 метри од кои 4640 метри за Off road возење велосипед (во две фази), 880 метри за трчање (во две фази) и совладување на 6 препреки во должина од 80 метри.

Право на учество имаат натпреварувачи-полнолетни граѓани на Република Македонија од обата пола, но и натпреварувачи со навршени 14-18 години со согласност на родител/старател.

Максимален број на учесници е 100 натпреварувачи кои се натпреваруваат во 4 категории во машка и женска конкуренција, 14-18 години, 18-35 години, 35-55 години и 55 + години;

            Котизацијата за Гевгелискиот Велотлон изнесува 600,00 денари;

            Стартниот пакет вклучува:

-Стартен број;

-Mаичка со лого Гевгелиски Велотлон 2025;

-Ладен сендвич;

-Кроасан;

-Освежителен напиток;

-Финишер медал (дрвен);

-Резултати можност за download од www.amdgevgelija.mk

-Фотографии можност за download од www.amdgevgelija.mk

Вкупниот награден фонд изнесува 51.000,00 денари.

Пријавување на учесници

            Почеток на пријавување од 01.04. 2025 година;

            Завршеток на пријавување заклучно со 15.05.2025 година;

Локација на Настанот

Лице за контакт и повеќе информации

Виктор Гавровски

Зоран Кајтазов

ОБЈАВИ ЗА 
ГЕВГЕЛИСКИ
ВЕЛОТЛОН 2025

Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство при користење на нашата веб-страница, да анализираме сообраќај и да ви прикажуваме персонализирана содржина.