Search

Хомологација

Единечното одобрување на возила или вообичаениот користен израз „Хомологација“ е постапка со која се испитува и утврдува  сообразноста на испитаните делови односно возило во целина согласно регулативите ECE и директивите на EEC. Со постапката се потврдува дека возилото ги исполнува соодветните одредби од Законот за возила, прописите и соодветните технички барања кои произлегуваат од овој Закон.

Без разлика дали возилото е ново или половно пред негово пуштање во сообраќај треба задолжително треба да помине постапка за:

  • Идентификација на возилото;
  • Идентификација и оценка на техничката состојба на возилото;
  • Единечно одобрување на возилото;

Која од постапките ќе се спроведе зависи дали возилото е ново или половно, дали за него има ЕУ одобрение на типот или има одобрение за типот во Р.Македонија.

За отпочнување на постапка за Идентификација и Идентификација и оценка на техничката состојба на возилото се потребни следните документи:

  • Странска сообраќајна дозвола од возилото;
  • COC документ (Certificate of conformity) издаден од производителот или овластен претставник на производителот;
  • Потврда за платени царински давачки;
  • Доказ за сопственост (фактура, купо-продажен договор);

За возилата пак за кои не е одобрен типот во Р.Македонија согласно Европските прописи за одобрување на тип се спроведува постапка за единечно одобрување на возило.

За отпочнување на постапка за единечно одобрување на возило се потребни следните документи:

  • Странска сообраќајна дозвола од возилото;
  • Потврда за платени царински давачки;
  • Потврда за исполнување на техничките карактеристики и хомологациски прописи за возилото од производителот на возилото, овластен претставник или друга независна институција прифатена од Органот за одобрување (пример TUV Munchen);
  • Доказ за сопственост (фактура, купо-продажен договор)

Испитното тело на АМД Гевгелија е овластено за Единечно одобрување на возила и идентификација и оцена на техничката исправност на возилата од категориите: L, M, N, O, T, R, C, S;

Бесплатни услуги

Со извршен технички преглед на ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО  корисниците на услуга ги добиваат следните бесплатни услуги:

  • Превентивен технички преглед во текот на регистрационата година (Важи за сите категории на возила);
  • Бесплатен шлеп до 40 км за дефектно или оштетено возило во сообраќајна незгода од цела територија на Р.Македонија за услуга користена од АМСМ;
  • Бесплатно балансирање на 2 гуми;
  • Бесплатна замена и балансирање на гуми купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна замена на филтер и масло за мотор, за филтер и масло купени од автосервисот на АМД Гевгелија;
  • 20% попуст на работна рака за услуги користени во автосервисот на АМД Гевгелија;
  • Бесплатна проверка на антифриз и глицерин;

Услугите може да ги користите во зависност од Вашите потреби. Со користење на бесплатните услуги на годишно ниово може да заштедите до 4.000,00 денари;