Search

ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН 2025

Недела 18-ми Мај, 2025.

37 учесници од повеќе градови од Македонија по трети пат се натпреваруваа на Гевгелискиот Велотлон (возење Off road велосипед, трчање и совладување препреки) на специјално подготвена патека во должина од 5600 метри. Учесниците се натпреваруваа во категории 14-18, 18-35, 35-55 и 55+ години во машка и женска конкуренција.

И оваа година најстар учесник на натпреварот Живко Мурџев кои со свои 73 години, успешно ги совлада сите препреки, истрча и ја извоза целата патека, а најмлад машки учесник Александар Димитров. Во женска конкуренција за најмлади учеснички ги имавме близначките Јована и Сомина Дичеви со 17 години а најстара учесничка Снежана Наковски со наполнети 43 години.

За првпат годинава имаше и посебна награда најдобар меѓу најдобрите, апсолутен победник, а наградата му припадна на професорот Влатко Семенаков кој годинава постави нов рекорд на патеката, најдобро време од 19мин и 10 сек.

Да се потсетиме на случувањата!

Видео - Ф.С. Аризанови

Видео Highlights - ВаскоТрајков

Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство при користење на нашата веб-страница, да анализираме сообраќај и да ви прикажуваме персонализирана содржина.