Search

EBD (Electronic brakeforce distribution)

          Безбедното возење е главен фокус на производителите на возила веќе подолго време. Тие вложија милиони во развивањето на безбедносни технологии. Едно од неодамнешните  подобрувања на безбедносен план е токму EBD.

            Електронска дистрибуција на силата на кочење (EBD) е технологија која што се применува во системот за кочење во автомобилската индустрија со која автоматски се распределуваат силите на кочење за секое тркало посебно врз основа на условите на патот (надолнина – нагорнина; кривина – правец;), брзината на движење, тежината во возилото и сл.
Коефициентот на триење на тркалата се менува во различни просторно временски интервали па оттаму се наметна и потребата за адекватна распределба на кочните сили.

            Основата на технологијата ја сочинуваат сензори поставени на сите четири тркала кои  дистрибуираат информации до модул (ECU) кој ги обработува и дава output наредби за распределба на силите на кочење.

            Целта на употребата на EBD технологијата е да се оптимизираат перформансите во однос на моќ за кочење и стабилоста на возилото. Успешното функционирање на ваквата технологија е секогаш „во пар“со работата на ABS системот.

Play Video

извор: youtube

извор: youtube

Play Video

извор: youtube

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации