АМД Гевгелија

ESP (Electronical stability program )

Ве води на сигурна страна во сите критични ситуации, на тој начин што автоматски сопира поединечни тркала и така го води возилото кон вистинската коловозна лента. На тој начин можете уште подобро да го контролирате своето возило при маневри на избегнување и да не отстапувате од правилниот пат.

Програмата за стабилност ESP ги надополнува постоечките електронски системи, како што е електронскиот анти-блокирачки систем ABS или систем за контрола на пролизгување ASR.

Електронската програма за стабилност (ESP) ја подобрува безбедноста при возењето за чекор понапред и влијае врз попречната динамика однодно ако се пресретнат две критични ситуации:

*нагло свртување: задните тркала го губат контактот со коловозот и автомобилот сосема незначително се врти околу својата задна осовина во кривината.
* недоволно свртување: предните тркала го губат контактот со коловозот, и авотомобилот се врти околу својата предна осовина надвор од кривината.

Со насочени зафати при сопирањето, ESP се грижи за тоа, да се коригираат грешките при возењето, кои можат да доведат до недоволно или нагло свртување. Доколку возилото сака да се сврти во кривината, ESP го сопира предното тркако од надворешната страна на кривината, уште пред да може да се извлече нанадвор со задниот дел. Обратно пак, ESP го сопира тркалото, кое е од внатрешната страна на кривината, доколку за возилото постои опасност од недоволно свртување, и повторно го враќа возилото на неутрален курс.

Сопирањата се вршат со молскавична брзина и траат само дел од секунда. Мозокот, кој ги контролира овие зафати, е сметач на системот. Тој добива информации за тоа, дали и како се врти возилото околу својата висинска оска, за сензорот за ротација.

Други сензори му испорачуваат на сметачот важни податоци: сензор за аголот на управување, сензор за попречно забрзување и четири сензори на тркалата. Од податоците на овие сензори, сметачот на системот ги утврдува отстапувањата помеѓу “зададените вредности” и “остварените вредности” и потоа ги регулира потребните зафати при сопирањето како електронски ангел чувар.

Стручни Објави

EBA (Emergency brake assist)

Сообраќајот како систем по својот состав е хетероген, составен од најразлични видиви возила, возачи, патишта и временски услови во кои се одвива

Повеќе »

EBD (Electronic brakeforce distribution)

Безбедното возење е главен фокус на производителите на возила веќе подолго време. Тие вложија милиони во развивањето на безбедносни технологии. Едно од неодамнешните подобрувања на безбедносен план е токму EBD.

Повеќе »

ABS (Anti-lock braking system)

ABS (Anti-lock braking system) е електронско-хидрауличен механизам, кој со спречување на блокирање на тркалата го скратува запирниот пат и овозможува промена на правец на возење при нагло кочење .

Повеќе »