Search

Мал сервис на автомобилот

 

Вообичаено додека возилото е под гаранција го сервисираме во определените сервисни периоди, но по истекот на гаранцијата определен број на сопственици моторни возила ги сервисираат по потреба. Секако ваквиот однос кон автомобилот воопшто не се препорачува, тоа е сосема погрешно и индицира на негрижа и погрешно одржување на автомобилот. Сите делови на автомобилот имаат свој век на траење и треба да се заменуваат редовно после помината километража или на одреден временски период.
   Најчесто при одржувањето на автомобилот се врши малиот сервис кој опфаќа редовна промена на:
   -Моторното улје;
   -Филтерот за улје;
   -Филтерот за воздух;
   -Филтерот за гориво;
   -Филтерот за кабина;

Непишано правило е дека малиот сервис на автомобилот треба да го правиме на на 10-15000 километри или еден пат годишно без разлика на поминатата километража.
Но доколку се поминува поголема километража пример 30000 км и повеќе тогаш сервисот мора да се прави повеќе пати годишно во зависност од поминатата километража.

 

Улјето во моторот се менува во зависност од повеќе фактори: помината километража, температурната состојба и старост на моторот, типот на маслото кое се користи (минерално, полусинтетичко, синтетичко), режимот на работа и возење (често возење на кратки релации, бавно возење, возење во сообраќаен метеж или отворен пат).

Вообичаено доколку користиме синтетичко улје ќе треба да го замениме на поминати 10-15000 км, но секако дека битен фактор за замена на улјето е и режимот на работа и возењето на моторот.
Така да се поминат 10000 км по автопат со брзина на движење од 100 км на час ќе бидат потребни 100 работни часа на моторот, но за да се помине истата километража во градска средина со брзина на движење од 25 км на час ќе бидат потребни 400 часа возење па дури и можеби 500 часа возење ако се има во предвид сообраќајниот метеж во градот, бројните застанувања на семафори пешачки премини и слично. Оттука не е исто ако возилото се вози на отворен пат или во урбана средина како што е претходно опишано.

 

Филтерот за улје односно неговото менување е исто толку важно како менувањето на улјето во моторот. Нечистотиите кои се создаваат со работата на моторот се доста абразивни а се состојат од честички на саѓи и честички од метал кои настануваат при согорувањето и трошењето на деловите од моторот.
Овие честички преку улјето влегуваат во покретните делови од моторот а поради нивната абразивност ги оштетуваат внатрешните површини на деловите на моторот а со тек на време абразивните честички стануваат поголеми а со тоа и оштетувањата на моторот.
Оттука добар филтер за улје и негова навремена замена го штитат моторот од абење со што се зголемуваат неговите перформанси и долговечност.
Најдобро е филтерот за улје да се менува секогаш кога го менуваме и улјето на автомобилот.

 

Филтерот за воздух е одговорен за филтрирање на воздухот кој преку усисната грана влегува во моторот.
Тој бара редовна промена зошто загадувачите со време го запушуваат филтерот што резултира со помал внес на свеж и чист воздух во моторот односно коморите за согорување на горивото што може да придонесе до значително намалување на силата на моторот, зголемување на потрошувачката на гориво, да го скрати животниот век на моторот.
Замената на филтерот за воздух може да се врши при сокој мал сервис на автомобилот или на секој втор мал сервис но не се препорачува со него да се поминат од 30000 км, но сето тоа зависи од квалитетот на филтерот за воздух но и од условите во кој автомобилот се вози. Доколку автомобилот се вози по земјани и патишта со зголемена прашина тогаш е добро да се врши негова проверка на секои 5000 поминати километри а по потреба и замени порано од предвидениот термин и помината километража за редовна замена.

 

Филтерот за гориво го пречистува горивото од нечистотии кои се наоѓаат во него и ги заштитува компонентите на моторот битни за неговата работа. Квалитетот на филтерот за гориво е многу важен но исто така и квалитетот на горивото од што зависи и неговата замена.
Вообичаено филтерот за гориво треба да се промени на секој втор мал сервис на возилото или после поминати не повеќе од 30-40000км.
Замената на филтерот за гориво зависи и од типот на моторот, бензинските мотори трпат замена на филтер и над оваа километража но кај возилата со дизел мотори замената на филтерот за гориво може да биде и под оваа километража.

 

Филтерот за кабина е филтер од кој директно зависи здравјето на патниците во автомобилот. Вентилацискиот ситем внесува воздух во кабината на автомобилот а филтерот за кабина има улога да ги сопре сите габички микроорганизми и прашина да не влезат во кабината на автомобилот односно дозволи само внес на чист воздух.
Филтерот за кабина е доста важен доклоку патниците патат од алергија или имаат белодробни проблеми. Вообичаена е замена на филтерот на секои две години но доколку се воздухот е загаден и доколку автомобилот се вози во услови каде има повеќе прашина, песок, полен и слично тогаш треба да се замени најмалку еден пат годишно или на секој редовен мал сервис на автомобилот.

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации