BLIS – Blind Spot Information System

Инспирирани од изнаоѓање решение во врска со решавањето на проблемите со „мртвите“ агли, инженерите во автомобилската индустрија развија технологија и систем кој детектира предмети и возила кои се наоѓаат во таквата непрегледна зона за возачот.

 BLIS системот за првпат е воведен во 2007 година во редизајнираниот Volvo S80 Sedan и го предупредува возачот за евентуалните опсности од возила кои не се во неговото видно поле. Системот се состои од две монтирани леќи (под двете странични огледала) иако во поново време изведбата може да биде со камери и радари. Предупредувањата за возачот можат да бидат визуелни, аудио или вибрациски. Најчесто системот се активира при промена на сообраќајни ленти или при излез од паркинг простор чии две бочни соседни паркинг места се пополнети со возила (зафатени).

Мazda беше првиот јапонски производител на автомобили кои им понуди на своите корисници BLIS активен безбедносен систем. Тоj беше првично воведен на Grand Touring 2008 Mazda CX-9. По стапките на овие два производители продолжија и Ford, Mitsubishi, Mercedes Benz и др.

Play Video

извор: youtube

Print Friendly, PDF & Email

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации