НОВА УСЛУГА!

Равнење на дискови на лице место

Во автосервисот на АМД Гевгелија сопствениците на патнички моторни возила ќе можат да користат уште една услуга. Доколку дисковите на Вашето возило се неравни и имате проблеми при кочењето, не сте во можност неравните дискови да ги замените со нови а дебелината на дискот дозволува нивно равнење, во Автосервисот на друштвото имаме решение за Вас.

Со ново набавената  опрема за равнење на дискови, дисковите се равнат на лице место.
Повеќе нема потреба од целосно отстранување
 на дисковите од возилото, носење во алатница и нивно равнење на дребонг.

Сега е лесно, процедурата за равнење на два диска
(демонтажа на тркалата, местење на опремата, равнење на дисковите и монтажа на тркалата) трае не повеќе од 1 час, нема потреба да губите време кај алатничар.

АМД Гевгелија и понатаму ќе продолжи да создава услови на задоволство на нашите корисници на услуга.

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации