Отворен автосервис за патнички моторни возила

На 21.12.2021 година во сутеренските простории на техничкиот преглед на друштвото отпочна со работа автосервис за патнички моторни возила. Автосервисот е со површина од 160 m2 а во негов состав функционира и продавница за автогуми, моторни масла, сите видови на филтри за патнички моторни возила.

Автосервисот е опремен со најсовремена опрема за ласерско центрирање на преден и заден трап на возилата, автодијагностика, вулканизерска опрема , опрема за промена на улје и глецерин, опрема за дополнивање на системот за ладење со фреон, автодигалки и опрема за сервисирање  на возила и друго.

Во автосервисот возилата кои се регистрираат во техничкиот преглед на друшвото по автоматизам добиваат 20% попуст на работна рака, балансирање на 2 гуми, за купено масло за мотор и филтри од продавницата во автосервисот замената е бесплатна, а за купените гуми од автосервисот бесплатна е монтажата , балансирањето и вентилите за секоја гума.

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации