Зголемен капацитет на автосервисни услуги

За неполна една година работа на автосервисот на АМД Гевгелија кој се наоѓа во сутеренските простории во Станицата за технички преглед на друштвото поради зголемен обем на работа и пресрет на потребите на корисниците на услуга е монтирана уште една двостолбна дигалка со што е зголемен капацитетот на услуги во автосервисот посебно сервисните услуги на подвозјето на автомобилот кои поради природата на работа бараат возилото да биде високо подигнато.

Со вкупно три дигалки од кои 2 двостолбни и една маказна дигалка во иднина ќе се зголемува брзината, квалитетот и продуктивноста при сервисирање на возилата.

Во автосервисот специјализиран за патнички моторни возила може да се користи услуга за центрирање на преден и заден трап на возилата, вулканизерски услуги (лепење, балансирање, замена на гуми), комплетни поправки на подвозјето на автомобилот, заварување на системот за издувни гасови, мал сервис на автомобилот (замена на улје и филтри), дополнување со фреон на системот за ладење, равнење на дискови на лице место, замена на антифриз и глицерин, автодијагностика и други автосервисни услуги.

Во автосервисот исто така може да се снабдите со автогуми, моторни масла и филтри за вашиот автомобил.

Технички Преглед

Play Video

Сервис на Возила

Play Video

Последни Информации